18 Јуни, 2024
0.0338

Ковачевски: Коридор 8 ќе донесе странски инвестиции

Објавено во: Економија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тетово присуствуваше на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8, со што се означи почетокот на изградбата на автопатот Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга - Ќафасан.

Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко, а тоа ќе донесе нови и големи инвестици, верува премиерот Ковачевски.  Изградбата на Коридорот 8 за премиерот значи поврзување на државата со другите земји од Европа, странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните.

„Денеска започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8. Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции, отворање нови пазари, можност за нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународни компании.

 
Изградбата на Коридорот 8 значи помалку трошоци за транспорт, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на земјава.

 
Изградбата на модерен, современ автопат Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга - Ќафасан, денеска покажува дека е конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар живот и просперитет на бизнис заедницата. Секој автопат носи можност за нови бизниси и економски развој. Нови бензински пумпи, нови хотели, ресторани, деловни објекти, повеќе вработувања, подобро платени работни места, поголема конкуренција и побрз развој“, рече Ковачевски.

Вредноста на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри. 

„Тоа е нашата иднина, единствено со вложување во капитални проекти обезбедуваме можности за стопанството, за бизнис заедницата, вложуваме во функционално, модерно, патно поврзување на целиот овој регион. Оваа инвестиција на Северна Македонија ѝ отвора нови европски рути и воспоставува поврзување со регионот, што е од исклучителна важност за нашата економија“, дополни тој.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСМЕТКА НА ГЕРМАНСКИТЕ СТАТИСТИЧАРИ: Поевтино е да се летува во Хрватска или Шпанија?

ПРЕСМЕТКА НА ГЕРМАНСКИТЕ СТАТИСТИЧАРИ: Поевтино е да се летува во Хрватска или Шпанија?

Од 1 септември радикално поскапуваат нотарските услуги

Од 1 септември радикално поскапуваат нотарските услуги

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ ПОРАСНА: Романија, Белгија и Хрватска бележат најголеми поскапувања

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ ПОРАСНА: Романија, Белгија и Хрватска бележат најголеми поскапувања

Бојан Стојановски: Наскоро закони за помали даноци и поголеми пензии

Бојан Стојановски: Наскоро закони за помали даноци и поголеми пензии

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

КАКО КАМБОЏА ПЛАНИРА ДА ПРИВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ - ќе ѝ помогне договорот за регионално сеопфатно економско партнерство RCEP

КАКО КАМБОЏА ПЛАНИРА ДА ПРИВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ - ќе ѝ помогне договорот за регионално сеопфатно економско партнерство RCEP

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Цената на бакарот падна на најниско ниво во последните два месеци

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Цената на бакарот падна на најниско ниво во последните два месеци

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена