19 Мај, 2024
0.0295

Коронавирусот се појави и во Македонска Каменица

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Прв случај на коронавирусот се појави во Македонска Каменица. 

Странски државјанин вработен во рудник е првиот позитивен пациент на Ковид-19. Тестот го направил поради патување во странство, при што истиот бил со позитивен наод.

Од Центарот за јавно здравје, направена е епидемиолошка анкета на одделот во кој што работел, како и во објектот каде е сместен странскиот државјанин.

Од општината од синоќа започнаа со спроведување на дополнителни мерки за заштита на населението, а најавен и состанок на Опшинскиот кризен штаб со цел дефинирање на понатамошните активности за спречување на понатамошно ширење на заразата. 

Во последните 24 часа се регистрирани 129 нови случаи на ковид-19 во земјава. Во последното деноноќие починале шест лица. 

По градови најмногу новозаболени се во Скопје повторно каде се регистрирани 45 нови случаи. Следува Штип со 25 нови, Гостивар и Тетово по 9. Во Куманово има 7. Дебар 1, -Прилеп 4, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6. 

Од починатите шест лица пет пациенти се од Скопје и еден од Струга.

Во последното деноноќие направени се 1.535 тестирања.

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична