06 Мај, 2024
0.0246

Контроверзии со СЗО поради организирање на анти-пушачки состанок во Туркменистан

Објавено во: Свет 05 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Дали (контроверзниот и смешен) закон против пушење на една земја е поважен од систематското нарушување на човековите права и деградирање на човековото достоинство?

Во последните денови, Британија е погодена од вестите дека Светската Здравствена Организација (СЗО) бара присуство на нивни претставници на Европскиот Регионален Состанок за имплементација на Рамковната Конвенција за Контрола на Тутунот. И нема ништо чудно во овие вести, освен фактот дека треба да се земе во предвид дека Агенцијата на Обединетите Нации го избра главниот град на тоталитарниот Туркменистан - Ашгабат како локација за конвенцијата.

Зошто токму оваа земја? Туркменистан има историја на тоталитарен култ на личноста и на прекин на сите врски со надворешниот свет од самиот почеток на нивната независност од Советскиот Сојуз во 1991 година. Земја, каде, според реномираниот медиум The Diplomat, “и традиционалните медиуми и Интернет пристапот се тесно контролирани од државата, додека пак локалните власти во Ашгабат започнаа да ги присилуваат своите жители да ги симнат насекаде присутните сателитски антени - единствениот вистински начин за многу од нив да имаат пристап до независните медиуми од остатокот од светот”. Земја, каде не се признава правото на собирање, изразување и религија. Земја каде во последните неколку години, лидерите - култисти затворија илјадници политички противници, ги забранија странските медиуми и воспоставија донекаде смешни забрани на секојдневни работи, како балет, бради, кучиња, а забранија и пушење на отворено и ја ограничија трговијата со тутун едвај на минимум.

Последниот сегмент е клучен за одлуката на СЗО да го одржи овој состанок токму во Ашгабат. Остриот и релативно опресивен закон кој им забранува на жителите да пушат. Во секој случај, законот нема ништо со грижа за и зачувување на здравјето на луѓето. Доколку Туркменистан навистина се грижеше за здравјето на своите граѓани, мрежата на здравствениот систем немаше да биде една од најлошите во светот, која се влошува секој ден се повеќе. На страна од пристојната просечна медицинска нега и третман која може да ја добиете во главниот град, остатокот од земјата, со површина поголема и од таа на Германија, е целосно отсечена од бенефитите на модерното здравство - со медицински установи кои немаат вода, греење, основни медицински материјали, како и обучен кадар за извршување на третманите.

Ова би требало да го активира алармот кај СЗО, организација која се грижи за меѓународното јавно здравје и се залага за подобри медицински услови низ светот. Дали Туркменистан е вистинскиот пример кој организацијата сака да му го претстави на светот? Дали сега треба да го следиме нивниот пример во забранување на тутунот и поседување на медицински установи под сите стандарди на медицинско и човечко достоинство?! Дали законот против пушење е крајната, најголема борба на оваа организација? Бидејќи очигледно, тоа е единствениот проблем кој треба да се адресира, според делата на органите на СЗО. Целата ситуација е најдобро опишана преку кратката изјава на Британскиот Парламентарец Филип Дејвис, во рамките на неговото барање за откажување на посетата на Ашгабат од страна на Британските претставици: “Те тера да се запрашаш колку Секторот за Здравје планира да биде авторитарен и драконски кон пушачите, кога сметаат дека можат да научат нешто од Туркменистан”.

Прашањето останува - дали СЗО е подготвена да замижи пред деспотизмот и диктатурата на владините структури на една одредена земја, само затоа што веруваат дека нивните закони се оправдани? И дали се оправдани? Се смета дека законот за непушење е донесен само затоа што претходниот лидер Нијазов лично не одобрувал пушење. Ова ли сакаме да го постигнеме на глобално ниво?

Ова не е прв пат за СЗО да е директно вмешана во меѓународен скандал. Глобалните медиуми често пишуваат за хипокризијата на оваа организација, која често тврди дека работи само за подобрување на здравствените состојби во светот, додека тајно работи со приватниот сектор за нивен заеднички финансиски бенефит. Само пред неколку години, медиумите открија скандал, каде официјалните советници на СЗО, вклучувајќи ја и самата организација, примиле финансиски средства за предизвикување на паника за H1N1 вирусот (попознат како “свински грип”), каде ситуацијата не била ни одблиску толку драматична колку што се претставувало од организацијата и нејзините “експерти”. Ова резултираше со прогласување на глобална пандемија од страна на СЗО, со краен ефект - огромна побарувачка за вакцини од фармацевтските џинови. Истите овие џинови во тој момент беа “финансиски помошници” на советниците и на дел од членовите на комитетите во СЗО. Друг скандал откриен од медиумите ја вклучуваше СЗО која намерно и стратешки спречувала проток на клучни информации за штетните ефекти на флуорот во своите публикации и регулативи, дополнително промовирајќи го користењето на флуор и залагајќи се за негова дистрибуција низ системите за снабдување со вода во светот.

Пред една декада, друг скандал се појави во САД, кога нов глобален фонд, кој имаше за цел да им помогне на најсиромашните земји во светот да ги кренат своите стандарди за безбедност на храната, лансиран од СЗО и ФАО, започнал да прима донации од компании во прехранбената индустрија, додека пак органите во организациите тврдеа дека “нема да постои конфликт на интереси”. Сепак, еден од најконтроверзните случаи се случи во 2012, кога Британскиот Daily Mail откри скандал дека СЗО примила повеќе од 350.000 фунти од глобалните прехранбени компании Кока-Кола, Нестле и Унилевер. Организацијата тогаш тврдеше дека овие парични донации се “нов начин на водење на бизнис”.

Но, дали и во СЗО се се врти околу бизнис? Не треба тие да се оние кои ќе се грижат за нашето здравје и благосостојба? Дали се тие релевантниот фактор на кој треба да се потпреме кога станува збор за нашето здравје? Сите од горенаведените примери се само мал пример дека организацијата често го става својот личен (и финансиски) интерес пред нивните заложби за подобар глобален здравствен систем. Имајќи го ова во предвид, треба ли да ги слушаме нив? Треба ли да слушаме организација која ги трга на страна диктатурата и тоталитарните режими, само затоа што донеле одредени контоверзни закони против пушење? Едно е сигурно - тие НЕ СЕ примерот кој треба да го следиме.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук