19 Мај, 2024
0.0270

Колку се иновативни компаниите во Македонија?

Објавено во: Економија, Мои пари 22 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Повеќе од две третини од компаниите во Македонија, во периодот помеѓу 2010 и 2013 година, вовеле нови или подобрени производи и/или услуги, кои во најголем дел ги развиле во нивното претпријатие, покажува истражувањето на Knowledge Center од Скопје кое беше презентирано денеска на прес-конференција.

Knowledge Center prezentacija 2

Истражувањето спроведено во периодот декември 2014 - февруари 2015 година помеѓу 98 компании покажа дека една третина од компаниите иновациите ги спровеле во нови или значително подобрени процеси на производство (31,4%), а 13,7% не направиле никаква интервенција во своите оперативни процеси. Загрижувачки податок од истражувањето е дека  половина од иновативните активности или проекти отпочнати во периодот помеѓу 2010 и 2013 година биле напуштени во почетната фаза на реализација или пак биле сериозно одложени.

“Заклучокот е дека компаниите во Македонија имаат идеи. Главниот проблем е во нивната комерцијализација.  Тие немаат сознание за своите капацитети за иновации и оттука не умеат да ги капитализираат постоечките ресурси, платформи и знаења.

Вториот проблем произлегува од недостатокот на финансии, или поточно недоволната информираност за ресурсите кои им се нудат“, изјави г-ѓа Андријана Богдановска Ѓуровиќ, основач и директор на Knowledge Center.

Andrijana Bogdanovska

Истражувањето за иновативните активности на македонските компании е дел од проектот Aim@Innovations, кој е поддржан од Централната Европска Иницијатива (CEI) преку повикот КЕП Австрија 2014 и Австриската Агенција за развој.

На денешната презентација на резултатите од ова истражување присуствуваа и г-ѓа Тања Пиперник, претставник од Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) и г-дин Волфганг Шабертер, претставник од компанијата Brain+, Австрија, партнер во проектот Aim@Innovations.

Проектот Aim@Innovations, поддржан од Централната Европска Иницијатива (CEI) преку повикот КЕП Австрија 2014 и Австриската Агенција за развој, има за цел да овозможи трансфер на знаење и да ги зајакне националните капацитети за обезбедување поддршка и обуки од областа на управување со иновации за мали и средни компании, како и да понуди помош на старт-ап и спин-оф организации во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?