19 Мај, 2024
0.0289

Колку пари од новата еврообврзница завршија за отплата на стар долг?

Објавено во: Економија 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Податоците покажуваат дека кон странски кредитори за 2 месеци сме платиле 200 милиони евра со што планот на отплата за цела година е натфрлен за 20 отсто само во првите два месеци годинава

Државата раздолжи 15,2 милијарди денари (околу 246 милиони евра) долг во јануари годинава, покажуваат официјалните податоци од Министерството за финансии објавени денививе на нивната веб страница. Вкупно за првите два месеци оваа година се вратени 17,23 милијарди денари државен долг и со тоа планот за отплата на главница од државниот долг за оваа година е остварена со 76 отсто.
Од достапните јавни податоци се гледа дека Владата во јануари годинава реализаше задолжување од странство во износ од половина милијарда евра или поточно 30,29 милијарди денари. Од тие пари истиот месец државата вратила 12,24 милијарди денари долг кон странски кредитори и уште 2,96 милијарди денари долг кон домашните кредитори.

Интересно е тоа што во сегментот за отплата на главница на долг кон странство за цела година било планирано да вратиме 10,42 милијарди денари, а само во јануари биле вратени 12,24 милијарди денари. Во февруари биле отплатени уште 2,03 милијарди денари долг и со тоа за првите два месеци износот на вратена главница на долг кон странство изнесува 12,64 милијарди денари со тоа годишниот план за отплата само за 2 месеци не само ште е целосно исполнет туку и е натфрлен за 21,3 отсто. 

Во сегментот на исплата на долг кон домашните кредитори состојбата е следна: за првите два месеци реализацијата на планот е 37,5 отсто од тоа што било планирано да се врати за цела година. Тоа значи дека, ако теоретски требало да се врати околу 17 отсто од целиот износ за 2018 година за тој период се вратени двојно повеќе пари од планираното како главница на домашниот долг за оваа година.Така, за јануари се исплатени 2,96 милијарди денари кон домашните кредитори односно околу 50 милиони евра, а во февруари државата вратила уште 1,64 милијарди денари односно околу 26,5 милиони евра. Вкупно за 2018 година е планирано да се вратат 12,246 милијарди денари (околу 200 милиони евра) како основица на долгот кон домашните кредитори.

 

Колку камати на државниот долг ќе платиме годинава?

Од јавно достапните податоци се гледа дека вкупно оваа година за камати на државниот и на јавниот долг е планирано да се вратат 8,68 милијарди денари односно 140,45 милиони евра. Од тоа 3,15 милијарди денари односно 50 милиони евра се камати на домашен долг, а 5,52 милијарди денари односно над 90 милиони евра се камати на долг кон странски кредитори. Досега за првите два месеци по двата основи се вратени 1,03 милијарди денари што е помалку од 12 отсто од проектираното со централниот буџет за исплата на камати по долг. Во јануари по двата основи (камата на надворешен и на внатрешен долг) се исплатени 770 милиони денари, а во февруари се исплатени 250 милиони денари

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?