21 Мај, 2024
0.0292

Колку пари ФЗОМ лани платил за операции на срце?

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

За 2.615 случаи за операции на срце на пациенти осигуреници државниот Фонд за здравство лани плати речиси 14 милиони евра. Значајно се издвојуваат двете приватни кардиохирургии кои сработиле над 80 отсто од операциите. Државната кардиохирургија има удвојување на бројот на пружени услуги, но тоа е само 10 отсто од сите дадени и платени услуги.

Државниот Фонд за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) за операции на срце лани платил 857 милиони денари односно 13,89 милиони евра. Даватели на услугите се пет скопски клиники со кои ФЗОМ има склучено договори, покажуваат официјалните податоци од годишниот извештај на оваа институција.

За потсетување, ФЗОМ лани вкупно за сите здравствени услуги кои ги добива од јавни и приватни здравствени установи платил 22,79 милијарди денариЗа 2.615 кардиохируршките операции ФЗОМ лани платил 857 милиони денари што претставува 3,8 отсто од сите пари за медицински услуги што на своите контрактори од приватното и јавното здравство ги платил единствениот државен здравствен фонд.. 
Јавните податоци покажуваат дека во структурата на дадени услуги доминираат убедливо двете приватни кардио клиники „Филип Втори“ и „Аџибадем Систина“ на кои ФЗОМ им исплатил над 82 отсто од сите средства кои се исплатени. Тие се речиси изедначени во споредба со дадените услуги и со наплатените средства.

За нијанса поголем провајдер на услуги од областа на кардио хирургијата е кардиохирургијата „Филип Втори“ која за 1.123 случаи наплатила 361,47 милиони денари. Просечната цена на случај во „Филип Втори“ е околу 323.000 денари. На втората позиција е кардиохирургијата во рамки на „Аџибадем Систина“ која реализирала 1.103 случаи за 342,87 милиони денари. Просечно по случај цената на услугата во оваа кардиохируршка клиника изнесува околу 311.000 денари.  Забележливо е дека зад нив начајно заостанува државната Клиника за кардиохирургија. Оваа медицинска установа лани реализирана 254 случаи за што се наплатени 88,2 милиони денари. За државната кардиохирургија важно е да се истакне дека лани во споредба со 2015 година има голем прогрес во обемот на случаи, на што кореспондира и приливот на средства. Имено, бројот на случаи е зголемен за 144 во споредба со лани, а износот за 47 милиони денари поголем. За разлика од двете приватни кардиохирургии државната клиника реализирале значајно повеќе средства над договорениот надоместок што бил проектиран на 59 милиони денари. Просечната цена по случај за 2016 година за државната кардиохирургија е околу 347.000 денари.. 

 Детската кардиохирургија лани реализирала 50 случаи за што ФЗОМ издвоил 49,7 милиони денари. Кај оваа клиниката бројот на реализирани случаи е незначително понизок од 2015 година. На петото место на даватели на вакви услуги е и Клиниката за торакална и васкуларна хирургија која реализирала 85 случаи за што и  биле исплатени 14,8 милиони денари. 

Јавните податоци покажуваат дека услугите за кардиохируршки зафати што ги плаќа ФЗОМ се на второ место по критериум исплатени средства веднаш зад услугите за хемодијализа за бубрежно болни за кои како што пишувавме ФЗОМ лани издвоил 16,35 милиони денари.

Повеќе за детали од извештајот на ФЗОМ може да прочитате на следниот линк 


Можеби ќе ве интересира

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација