19 Мај, 2024
0.0271

Колку должат државните претпријатија и кој е најголем должник?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Речиси 830 милиони евра изнесува долгот на државните претпријатија. Толку бил гарантираниот јавен долг на Македонија на крајот на минатата година. Состојбата ја објави Министерството за финансии во извештајот за јавниот долг лани. Тоа се обврски на претпријатиајта за кои државата издала гаранции. Во овој долг влегуваат позајмените пари за иградба на автопатиштата на пример, за кои како краен должник се јавува Јавното претпријатие за државни патишта. Од сиот долг на овие претпријатија, затоа, најголем должник е токму ова претпријатие, чиј долг по овој основ изнесувал 478 милиони евра и е над 57 отсто од вкупниот долг на државните претпријатија, односно од гарантираниот јавен долг.

Но, во оваа сума не влегуваат ненаплатени обврски кои овие претпријатија ги имаат кон други домашни субјекти евентуално. Инаку ако се споредува со состојбата со таа во 2016 година гарантираниот јавен долг има надолен тренд.

По Јавното претпријатие за патишта, како втор најголем должник следи Македонската банка за поддршка на развојот чиј долг е околу 19 отсто од вкупниот гарантиран јавен долг и изнесува 159,2 милиони евра. ЕЛЕМ, компанијата за производство на електрична енергија е краен должник со сума од 121,3 милиони евра или учествува со 14,6 осто од вкупниот гарантиран јавен долг.

Гарантираниот долг на МЕПСО е 31,3 милиони евра или 3,8 отсто од вкупниот гарантиран долг МЖ транспорт пак должи 36,6 милиони евра или 4,4 отсто од вкупниот. МЖ инфраструктура пак на свое име има долг кој с еводи како гарантиран јавен долг од 2,5 милиони евра што е 0,3 отсто од целиот гарантиран долг на државата.

Во 2016 година јавниот долг на претпријатијата кој с еводел како гарантиран јавен долг изнесувал 860 милиони евра.

Инаку гарантираниот јавен долг е дел од вкупниот јавен долг на земјава. Тој во 2017 година изнесуваше 4,78 милијарди евра односно 47,6 отсто од БДП. Во него освен гарантираниот долг влегува и државниот долг. Тој изнесува 3,96 милијарди евра.

Од сите пари кон долговите кон надвор се 3,19 милијарди евра, додека внатрешниот долг е 1,6 милијарди евра.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра