19 Мај, 2024
0.0252

Колку дивиденда бара еден голем акционер во „Македонијатурист“?

Објавено во: Економија 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе се разберат ли оваа година големите акционери во „Македонијатурист“? НЛБ Нов пензиски фонд друштвото кое управува со 41.863 акции во хотелиерската компанија втора година по ред бара многу повисока дивиденда од таа што ја нуди акционерската екипа  која има мнозинство. Бараат и откуп на сопствени акции по цена од 3.750 денари до 5.850 денари, но што ќе добијат?

Втора година по ред друштвото кое управува со пензиските фондови „Нов пензиски фонд“ предлага две точки на дневниот ред за претстојното акционерско собрание на „Македонијатурист“. Првата точка е да се подели бруто дивиденда од 380 денари, а втората е да изврши откуп на сопствени акции иако не е наведено колку акции да бидат предмет на откуп ниту пак сума што е планирана за откуп.

Овие предлог одлуки ќе се најдат на гласање пред акционерите на компанијата на претстојното акционерско собрание закажано за 23 април. Предлагачи се двата пензиски фонда кои заедно поседуваат 41.863 акции со право на глас во „Македонијатурист“ со што е исполнет законскиот услов предлагач кој поседува макар и 5 отсто од акциите да постави точка на дневен ред на претстојното акционерско собрание. 
За потсетување, и лани за прв пат овој акционер достави точки со слична содржина на акционерското собрание. Но тие не поминаа на гласањето односно не добија поддршка од поголемиот број на присутни акционери на собранието. 
Предлагачот, во врска со предлогот за откуп на сопствени акции смета дека не е проблем тоа што „Македонијатурист“ веќе поседува 10 отсто сопствени акции согласно со членовите 335 и 336 од ЗТД затоа што тие акции можат да бидат поништени или продадени во предвидениот рок. Во нивниот предлог не е наведен број на акции кои треба да се откупат ниту сума за откуп. Наведено е само дека ценовната маргина за откуп треба да се одреди од 3.750 денари најниска цена до 5.850 денари како највисока цена. Неизвесно е како за овој предлог ќе се изјаснат мнозинството акционери во „Македонијатурист“ кои ќе бидат присутни на акционерското собрание.

Во врска со предлогот за дивиденда од Нов пензиски фонд треба да се каже дека тоа е втор предлог што ќе биде ставен на дневен ред и се разликува од предлогот што беше поддржан од најголемите акционери кој изневаше исплата на дивиденда во износ од околу 180 денари за акција. Во нивното образложение предлагачите образложуваат дека со поделба на овој износ на дивиденда нема да биде загрозено работењето на „Македонијатурист“ затоа што компанијата има високо ниво на ликвидни средства над 20 милиони евра кои ги чува во депозити, а при тоа нема никаква задолженост или кредитна изложеност.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?