26 Април, 2024
0.0573

Кој тајкун ќе ги купи? „Реплек“ продава 6,88 отсто од акциите за 240 милиони денари преку „се или ништо“

Објавено во: Економија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

„Македонска берза“ објави дека се организира јавна берзанска аукција за голем пакет на акции од страна на фармацевтската компанија „Реплек“. Станува збор за понуда на акции во вредност од 135.000 денари по акција кои се 6,88 отсто од вредноста на компанијата, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“. Вкупната вредност е 240 милиони денари.

- Ве известуваме дека на 21.04.2021 година (Среда), на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 1.783 акции издадени од Реплек АД Скопје што претставува 6,88% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 135.000,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“, стои во објавата.

Инаку во акционерската битка Иван Туџаров генерален директор на Реплек и Даница Зимбакова вчера како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до берза информација со предлог нови членови на Надзорниот одбор на  компанијата. Туџаров преку соопштение од Реплек веќе тврдеше дека не е точно оти е отповикан Надзорниот одбор откако на седницата на редовното Годишно собрание на 8 април годинава мнозинството акционери не ја усвоија информацијата за работата на одборот. 

Инаку во Реплек, Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции. Друштво за трговија и услуги Ситко Антоинио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти