19 Мај, 2024
0.0300

Kој прави „Бермудски триаголник“ во Источна Македонија, вреден над 50 милиони евра?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Бројките се немилосрдни и покажуваат дека Источна Македонија не е сиромашна иако има таков третман. Затоа што лани четири рударски компании од Источна Македонија оствариле приходи до продажба на руди и концентрат вреден 250 милиони евра, а од тоа компаните оствариле добивка поголема од 50 милиони евра. Целата таа добивка ќе заврши надвор кај сопствениците и акционерите на четирите рудници.

Источна Македонија традиционално важи за најпасивен крај нашата земја. Мека е на гринфолд инвестициите затоа што животниот стандард на нејзините жители е понизок од просекот на државата. Зошто е сиромашна Источна Македонија кога е убедливо најбогат регион со рудни богатства?

Фактите покажуваат дека малата општина на истокот Македонска Каменица ја има една од најбогатите и најсилни фирми во земјава – тоа е Рудникот „Саса“.

„Саса“ ги засени сите други! Таа сама создава приход колку трите други рудници заедно!

Македонска Каменица има околу 6.500 жители според последниот попис во 2021 година. Само „Саса“ лани произвела приход, а тоа е од продажба на олово-цинкова руда во вредност од 108 милиони евра!!! Тоа значи просек од 16.700 евра по глава на секој жител на малата ридско-планинска општина. Од нејзините вкупно 6.500 жители барем 1.500 се привремени гастарбајтери, околу 2.000 лица се работно неспособни односно се пензионери и малолетни деца, а најмалку 500 лица работат во јавниот сектор и помалите приватни фирми во таа општина. „Саса“ во својот работен процес ангажира над 700 лица од оваа општина и најголем (а и од секогаш била) најголем работодавач во тој регион.

Но, и покрај тоа Македонска Каменица не е омилено место за живеење, дури и напротив. Стапката на иселување е висока иако рудникот плаќа редовно и пристојно...

Рударска компанија на истокот која е во експанзија е рудникот за бакарна руда „Боров дол“ од Радовиш кој го заменува „Бучим“. Тоа е всушност новиот коп за бакар на компанијата што години наназад го експлоатира националното рудно богатство во „Бучим“. Двата рудници лани направиле приход д 108 милиони евра, а добивката е речиси 10 милиони евра. Тие два капацитети заедно ангажирале лани над 670 вработени лица и се најголеми работодавачи во Општина Радовиш.

„Бучим“ се повеќе паѓа во сенка на помалиот брат „Боров дол“. Сепак добра вест е што лани постарата рударска компанија од Радовиш заврши со добивка за разлика од 2021 година кога книжеше минус на крај на годината.

Најстарата македонска рударска компанија, која од 2016 година се вика „БулМак“ (порано „Рудници Злетово“) е со најмали приходи во конкуренција на другите рудници во Источна Македонија. Тоа што во бившата СФРЈ беше синоним за силна рударска компанија втора во тогашната држава по словеченката општина Целје сега е само сенка на „Саса“ која создава оловно-цинкова руда исто како и злетовската компанија која под свое освен „Злетово“ го има рудникот во близина на Крива Паланка (поранешна „Тораница“). Ако е за утеха „БулМак“ е најголема рударска компанија во Македонија од аспект на број на вработени лица.

Висока профитабилност кај рударските компании покажува и најголемиот македонски рудник за мермер – прилепскиот Мермерен комбинат. Ова друштво лани имало стапка на профитабилност од 46 отсто колку што од неговите приходи останале како добивка.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?