19 Мај, 2024
0.0295

КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ: Владата не отстапува од намалување на администрацијата за 20 отсто, Синдикатот ќе се бори за своите вработени

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата не отстапува од намерите дека ќе мора да се намалат 20 отсто од вработените во администрацијта. Тоа во своето телевизиско гостување вчера уште еднаш го повтори премиерот Зоран Заев. Тој изјави дека Владата има силна политичка волја и подготвеност за целосно и длабоко спроведување на структурните реформи, како и дека „некои од тие мерки се непопуларни, но ќе мора да бидат спроведени“.

„Драстичното намалување на непродуктивните трошоци, вклучително тука и намалување на администрацијата за 20 отсто е нешто што ќе ослободи дополнителни финансиски средства, за да ја помагаме економијата со капитални инвестиции“, вели премиерот.

Од друга страна, пак, од Синдикатот на УПОЗ за Фактор неодамна изјавија дека присилно отпуштање на административци ќе нема. Ова ветување од власта му било дадено на Синдикатот, односно дека само ако некој сака доброволно да си замине од државна работа во приватниот сектор, каде што ќе има можност и за повисока плата, ќе ја напушти административната служба.

„Во целата предлог-програма на Владата, како и во сите разговори кои Синдикатот на УПОЗ ги имаше со владини претставници, е договорено дека нема да има присилно отпуштање од работа во администрацијата, туку дека ќе има доброволен премин во приватниот сектор на вработените, каде што тие ќе имаат можност за повисоки плати. Тоа преминување ќе се прави преку преквалификации на работниците, за да стекнат вештини за приватните компании“, изјави за Фактор Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ ги опфаќа вработените од државната управа, а тоа се оние во агенциите, министерствата, фондовите, општините, како и во правосудните органи, кои бројат околу 20 илјади работници. Тука не влегуваат врабтените во МВР, одбраната, здравството, културата, како и оние во јавните претпријатија, кои всушност се многу поширок поим и го сочинуваат јавниот сектор.

Од Синдикатот се децидни дека нема да дозволат ниту еден нивни член да биде префрлен без негова волја.

„На сите наши членови ние ќе им ја пружиме секоја можна помош за да си ги задржат работните места. Нашето барање е ако работниците сакаат, да одат во фирмите, а ако не, да имаат право да си ги задржат работните места во управата“, вели Деаноски.

А Синдикатот на УПОЗ преговара со власта и на други теми. Деновиве во Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Јетон Шаќири и претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски имале работна средба во врска со неколку актуелни прашања.

На средбата Грујовски го информирал Шаќири за одредени проблеми и дилеми како и погрешното толкување на некои одредби од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа. На состанокот уште еднаш било потенцирано дека одредбите од Колективниот договор мора доследно да се почитуваат. 

„Некои работодавачи се уште на вработените не им исплаќаат патни и дневни трошоци, не ја почитуваат одредбата за флексибилно работно време на Владата, според наши сознанија нема предвидено средства со ребалансот на Буџетот за 2020 година“, рекле од Синдикатот.

Исто така, тврдат, се пожалиле дека Министерството за финансии не го консултира Синдикатот на УПОЗ во врска со ребалансот, како и за Буџетот за 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража