Koj и зошто не гласаше за ратификување на Договорот со Бугарија?
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја бојкотираа седницата во Собранието, а воздржано гласаше независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ кој изјави дека договорот не е симетричен и дека Владата плаќа цена со него.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на почетокот на собраниската расправа за ратификација на Договорот, кажа дека е факт дека тешки и деликатни прашања меѓу две соседни држави многу тешко се договараат и „ниту ние, ниту во Бугарија целосно сме среќни со текстот“.
Пратениците од мнозинството рекоа дека документот ќе ги зајакне односите на билатерален план.
Договорот е потпишан на 1 август лани од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје.
Бугарското МНР ја поздрави ратификацијата.