19 Мај, 2024
0.0268

Кој и порача на грчката влада да не се меша во изборите во Македонија?

Објавено во: Балкан 03 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Грција да ги остави македонските лидери да ги решат нивните несогласувања и разлики сами и да се држи на дистанца за време на македонските парламентарни избори.

Ова е пораката на грчкиот весник Катимерини кој ја анализира ситуацијата во земјава поврзана со политичката криза и најавените избори закажани за 11 декември.

Катимерини и забележува на грчката влада да се држи на страна и да не навива за никој на овие избори.

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас кој кон крајот на август го посети Скопје испрати слична порака.

Тој на македонските дипломати и државен врв, им ажа јасен став дека Грција не планира да се меша или да влијае на внатрешната ситуација во Македонија и сака стабилна држава во нејзиното соседство.

Весникот оценува дека ситуацијата е ваква поради долгогодишната политика на антиквизација на Никола Груевски, која не дозволува отстапки од македонската црвена линија.

Сепак според весникот, климата е слична и во Грција и теренот сè уште не е подготвен за отстапки од досегашните ставови за да се дојде до заеднички прифатливо решение за двете страни. Затоа, според Катимерини , најдобро би било Грција да се држи настрана од македонските внатрешни проблеми и судири и да работи во насока на подобрување на атмосферата меѓу двете општества бидејќи само на таков начин може да се отвори патот за наоѓање решение за дводеценискиот спор за името.

Во однос на тоа што ќе се случува за време на изборите и по нив, весникот забележува дека меѓународната јавност и крупните играчи од Исток и од Запад нема во никој случај да oстанат индиферентни во однос на изборите бидејќи Македонија има големо влијание за стабилноста на регионот.

„Во Вашингтон, Брисел и во Берлин се загрижени за геополитичката ориентација на БЈРМ. Бидејќи надежите за прием во ЕУ и во НАТО избледнуваат, Москва полека ја отвора својата прегратка за Скопје, гледајќи руско приближување кон Балканот. Кај западните дипломати не поминуваат незабележани флертовите на Груевски со Русија“, пишува весникот, додавајќи дека можните македонско-руски додворувања би можеле да создадат проблеми со албанскиот фактор во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс