19 Мај, 2024
0.0268

Кои се нови авионски дестинации ќе ги имаме летово?

Објавено во: Економија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во текот на летната сезона патниџите од Македонија на располагање ќе имаат зголемен број на директни летови до атрактивни дестинации низ Европа. Некои од нив се додаваат поради летната сезона, а други се најавени од страна на авиопревозниците кои оперираат на македонскиот пазар од двата комерцијални аеродроми во Скопје и Охрид. 

Со одобрениот ред на летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), како што информираат оттаму, авиопревозниците бележат дополнителни 32 лета кон повеќе дестинации до кои и со зимскиот ред вршеа редовен авиопревоз. 

Со сегашната мрежа од 38 дестинации на 13 редовни авиокомпании од скопскиот аеродром за патниците се достапни Барселона, Базел, Белград, Берлин, Братислава, Брисел, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Доха, Дортмунд, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Хановер, Истанбул (со двата аеродрома-Ататурк и Сабиха Гокчен), Љубљана, Лондон, Малме, Малта, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Векше, Венеција, Виена, Варшава, Загреб и Цирих. Овие релациии ги опслужуваат авиокомпаниите: Виз ер, Ер Србија, Катар ервејс, Флај Дубаи, Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Адриа ервејс, Чех ерлајнс, Аустриан ерлајнс, ЛОТ Полиш ерлајнс, Кроација ерлајнс, Еделвајз и Германија Флуг АГ. 

Како што најавуваат од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми, покрај редовните линии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ за Базел, Цирих и Лондон, од ноември годинава Виена ќе биде нова директна дестинација за патниците. 


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?