19 Мај, 2024
0.0262

Кои се компаниите кои денеска на ЕСМ ќе му понудат гас за грејната сезона?

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска ЕСМ очекува за прв пат пазарот на природен гас во Македонија да функционира либерално и различни компании да достават понуди за потребите на скопските топлани. Генералниот директор на електраните, Васко Ковачевски, вчера најави дека очекува отворениот повик да биде рамковен во текот на целата грејна сезона и да пристигнуваат и понуди со обезбедено поголемо количество и за гасната централа ТЕ-ТО, како и да има такви кои ќе бидат шестмесечни.

- Во изминатиот период имаше компании кои што нас не контактирале. Препорачливо е од почетокот на ноември и ТЕ-ТО да биде во функција - и заради електричната, и заради топлинската енергија. Очекуваме во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди, а ние имаме обврска да ги разгледаме, изјави вчера Ковачевски пред медиумите.

Според првиот човек на ЕСМ, основен критеруми ќе биде најниската цена со гаранција дека тие количини ќе бидат испорачани за задоволување на потребите на топланите и ТЕ-ТО. Од денес ќе се разгледуваат понудите, а од вторник ќе се склучуваат договорите. Се бараат вкупно 225 милиони нормални метри кубни за шест месеци.

Досега единствен добавувач на природен гас во земјата кој има договор со „Гаспром“ е „Макпетрол“, кој последно што ја информираше јавноста е дека иако уредно испратиле понуда до ЕСМ, таа до предвидениот рок, а тоа е 17 септември, не ги потврдила количините на овој енергенс, поради што компанијата не ги нарачала. Сепак ЕСМ и Владата очекуваат „Макпетрол“ да се најде во потесниот круг на кандидати со сериозни понуди.

Владини извори претходно брифираа дека очекуваат понуда и од фамозната компанија ПГО, регистрирана во Швајцарија, препорачана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На состанокот со компанијата во Белград од македонска страна биле министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и советникот за енергетика во Владата, Васко Андонов. Од страна на ПГО присуствувале двајца претставници, едниот државјанин на Србија, а другиот на Босна и Херцеговина, коишто имале фирма регистрирано во Швајцарија и информирале дека може да се обидат да обезбедат руски гас. На ПГО им било кажано дека треба да се достави понуда со сериозна банкарска гаранција.

Неодамна Бугарската асоцијација за гас во Скопје ја регистрираше својата компанија „Болкангазнет Доо“ со дејност „трговија на гас преку дистрибутивните системи“.  Компанијата експресно доби лиценца за трговија со природен гас од Регулаторната комисија за енергетика. 

Лиценца за снабдување доби и компанијата ЕДС во сопственост на грчкото електростопанство, а снабдување и трговија на природен гас од неодамна во Македонија може да врши и Протергиа Енерџи во сопственост на грчкиот гигант со гасни централи „Митилинеос“.

Останатите компании кои поседуваат лиценци се главно ориентирани кон пазарот на електрична енергија или на трговија со нафта и нафтени деривати. Има и такви кои оперираат исклучиво на локални системи како претпријатијата во Куманово и Струмица. Лиценца поседува и ТЕ-ТО Гас Трејд, како и Арктек-Гас, компанија на познатиот бизнисмен Кирил Лазаров. Амбиција да снабдува гас има и Ратко Капушевски со РКМ.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра