11 Мај, 2024
0.1229

Кои ќе бидат надлежностите на поранешниот министер и двајцата професори во Советот на Народна банка

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски и професорите Борче Треновски и Марјан Петрески се владините предлози за нови неизвршни членови на Советот на Народната банка на Северна Македонија. Тие во ова тело ќе имаат мандат од седум години. Предлогот беше соопштен по владината седница вчера. Советот патем е орган кој управува со Народната банка и е главно тело за одлуките кои произлегуваат од оваа независна институција која пак ја креира монетарната политика во државата. 

Советот на Народната банка се состои од девет члена од кои еден е гувернерот, а три се вицегувернери и тие имаат статус на извршни членови. Останатите пет членови се неизвршни членови. 

„Советот на Народната банка е задолжен за дефинирање и формулирање на политиките и контрола на спроведувањето на политиките и надзор на работењето на Народната банка. Гувернерот на Народната банка претседава со Советот на Народната банка, има главна извршна функција во Народната банка и е задолжен за нејзиното секојдневно работење. Вицегувернерите му помагаат на гувернерот во извршувањето на секојдневните работи. Неизвршните членови учествуваат во одлучувањето на Советот на Народната банка, стои во Законот за Народната банка.

Советот има низа овластувања и задачи меѓу кои дефинирање и усвојување на монетарната политика и политиката на девизен курс на Народната банка. Советот го дефинира режимот на девизен курс и ги формулира и донесува политиките на Народната банка во врска со извршувањето на нејзините задачи и усвојува интерни правила за нивна примена. Ова тело го донесува и Контниот план за банките во согласност со закон.

Членовите на Советот на Народната банка се именуваат со мандат од седум години со право на повторен избор. Неизвршните членови на Советот на Народната банка ги именува Собранието на предлог на Владата.  Во Законот пишува дека член на Советот на Народната банка може да биде лице, државјанин на Македонија, кое има соодветна репутација, најмалку високо образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска