20 Мај, 2024
0.0363

„Кнауф“, „Лице в лице“ и македонските дизајнери покажаа дека моќта е во здружувањето

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Дизајнери, актери, уметници, водители, архитекти, музичари, новинари, бизнисмени... пријатели на добрите иницијативи и поддржувачи на позитивните општествени промени.  Сите вчера вечер беа собрани на едно место по повод партнерскиот настан на компанијата Кнауф, уличниот магазин „Лице в лице“  и македонските дизајнери. На настанот се промовираше новиот 16-ти број на „Лице в лице“, а присутните имаа можност да бидат сведоци на претставување на нов производ – “Силни торби“ направени од реупотребени вреќи користени претходно за гипсени градежни материјали на компанијата „Кнауф“.

cnauf 1

Десетте креативци, предводени од дизајнерката Ирина Тошева, а меѓу кои Иван Пе­тру­шев­ски (Флим), Ру­жи­ца Ман­ди­чев­ска (Ру­ки Чу­ки), Го­ран Костов­ски (Инд Ог), „Ди­зајн енд бе­рис“, Ни­на Си­мов­ска, „Омај­гад“, Тхе Ми­чо, Ем Еле­фант­ски, Мачка (Мар­јан Ди­миќ) и Драш (Дра­ган Ки­та­нов­ски) ставија свој авторски печат на 20-тина вреќи на Кнауф, кои имаат двојна намена: силни и издржливи, но и производ кој ги засилува ранливите сограѓани.

cnauf 2

„Се надевам дека почесто ќе имаме вакви настани, во кои дизајнерската фела се обединува за добра кауза. Заеднички можеме вистински да дадеме придонес“, вели Ирина Тошева.

cnauf 3

Средствата собрани од продажбата на уникатните дизајнерски торби, се наменети за Центарот за деца од улица.

cnauf 4

„Свес­ни сме кол­ку мно­гу зна­чи под­др­шка­та од стра­на на ед­на ком­па­ни­ја ка­ко на­ша­та за да опстојат ва­кви­те ини­ци­ја­ти­ви. Ние, ка­ко оп­штес­тве­но од­го­вор­на ком­па­ни­ја, се­ко­гаш ба­ра­ме на­чин и средс­тва ка­ко ди­рек­но и транс­па­рент­но да при­до­не­се­ме во соз­да­ва­ње и раз­ви­ва­ње по­до­бро општес­тво “, изјавија од компанијата Кнауф.

cnauf 5

При­тоа, нагласија, пре­ку овој про­ект „Кна­уф“ демонстри­ра спло­те­ност и за­ед­нич­ка со­ра­бо­тка со гра­ѓан­ски­от се­ктор, со на­ме­ра да се на­пра­ват вид­ли­ви по­зи­тив­ни­те про­ме­ни во оп­штес­тво­то.

Извршната директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик" (издавач на  магазинот „Лице в лице"), Климентина Илијевски, рече дека моќта е во здружувањето и партнерствата кои уличното списание ги гради со повеќе организации, иницијативи, компании со кои што дели исти вредности.

cnauf 6

Парт­нерс­тво­то не е ин­стант ак­ци­ја што за­вр­шу­ва со ед­на за­ед­нич­ка актив­ност, ту­ку тоа ба­ра вложу­ва­ње и по­све­те­ност од две­те стра­ни, по­ста­ву­ва­ње јас­на цел и за­ед­нич­ко дви­же­ње кон неа. Зо­што да се из­ле­зе од зо­на­та на ком­фо­рот? За­ради по­до­бру­ва­ње на кор­по­ра­тив­ни­от уг­лед и креди­би­ли­тет, за­ра­ди уна­пре­ду­ва­ње на раз­во­јот на вра­бо­те­ни­те во ком­па­ни­и­те, за­ра­ди долгорочна­та ста­бил­ност и им­па­ктот што би го има­ле во за­ед­ни­ца­та со ос­тва­ре­но­то парт­нерс­тво“ , додаде Илијевски.

cnauf 8

Новиот број на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“ се фокусира на темата „Партнерства“ и ја разгледува моќта на здружувањето и бенефитот што тоа го носи за заедницата и за општествтото.

cnauf

Една од глав­ните цели на компанијата Кнауф, ко­ја е ед­на од во­деч­ки­те про­из­во­ди­те­ли на градежни ма­те­ри­ја­ли во Евро­па, е ди­рект­но и отво­ре­но да се вло­жу­ва во оп­штес­тво­то за­ра­ди пома­га­ње, пот­тик­ну­ва­ње и по­до­бру­ва­ње на со­ци­јал­на­та од­го­вор­ност на де­лов­ни­от се­ктор кон заед­ни­ца­та.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО