Ќе заседава Комисијата за заразни болести - можни ли се нови мерки?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2021
Утре ќе заседава Комисијата за заразни болести. Оваа комисија ќе одржи редовен состанок на кој ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.
Последниве денови бројот на новозаразени со коронавирус е над 1.000.
Британскиот сој брзо се шири, а погодена е и младата популација. Деновиве имаше и млади на возраст од 23 и 24 години кои починаа. Во земјава на сила е полицискиот час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро.
foto freepik