19 Мај, 2024
0.0267

Ќе му тргне ли на ТЕ-ТО?

Објавено во: Економија 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата има огромен товар од кредити и долгови. Нејзините тековни обврски ги надминуваат тековните средства. Во 2016 година компанијата работела 140 дена и остварила оперативна добивка од 23 милиони денари, но сепак завршила со загуба заради трошок од 96 милиони евра за камати на заеми

Единствената комбинирана термоелектрана и топлана во земјава ТЕ-ТО 2016 година ја заврши со добивка од оперативното работење од 23 милиони денари, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија за ТЕ-ТО. Сепак ТЕ-ТО 2016 година ја завршил со загуба од 67,87 милиони денари што е резултат на големите финансиски расходи на единствената модерна термоцентрала која произведува и топлина, а како погонско гориво го користи природниот гас.

Приход од 30 милиони евра со 40 отсто капацитет!

Податоците од финансискиот извештај на ТЕ-ТО се охрабрувачки за 2016 година во споредба со 2015 година. Имено, ТЕ-ТО во 2016 година има реализација од 1,9 милијарди денари и тоа е 2,3 пати повеќе од тоа што термоелектраната успеала да го сработи во 2015 година. За трошоци за работењето компанијата потрошила 1,5 милијарди денари за производството, уште 60,7 милиони денари за вработените, книжениот расход за амортизација е 191 милиони денари и 77 милиони денари за останати трошоци како и 33 милиони денари за потрошни добра и суровини. Електраната работела вкупно 146 дена и во најголем дел од времето произведувала електрична енергија и топлинска енергија. Струјата ја продавала по пазарна цена, а топлината ја продава на регулираниот снабдувач БЕГ. Во 2016 година има денови кога произведувала и само електрична енергија. Гледано временски капацитетот работел само 40 отсто од расположливото време во тек на една година и успеал да заработи да ги покрите оперативните трошоци и да му остане оперативна добивка од 23 милиони денари. Само за споредба со 2015 година компанијата има оперативна загуба од 236,1 милиони денари при реализација од 817,5 милиони денари и повисока набавка цена на природниот гас – енергенс за производство струја и топлинска енергија.

За 60 дена во 2017 година оперативната добивка е 6,7 милиони евра

 Дополнително охрабрувачки е тоа што ТЕ-ТО во првиот квартал лани ТЕ-ТО имал 60 работни дена и остварил оперативна добивка од 6,7 милиони евра! Ова само по себе е индикатор за тоа колку профитабилно работи компанијата во услови на грејна сезона кога е голема побарувачката за топлинска енергија и за електрична енергија.

Што костатирал ревизорот?

Според податоците кои ги анализирал ревизорот утврдено е дека постои значајна неизвесност дали друштвото е во можност да продолжи да работи во континуитет. Главната причина за нивната резервираност кај ревизорите е тоа што тековните обврски на друштвото ги надминуваат неговите средства за 2,188 милијарди денари. Неговите вкупни обврски се 14 милијарди денари на крај на 2016 година. Од тоа обврски по кредити се 11,4 милијарди денари. Акумулираната загуба на компанијата е 3,13 милијарди денари 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?