26 Април, 2024
0.0787

ЌЕ ИМА ОДЛОЖУВАЊА НА АКОНТАЦИИ И ОСЛОБОДУВАЊА ОД ДАНОЦИ - во недела точно напладне Владата ќе ги каже мерките

Објавено во: Економија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Каков ќе биде четвртиот сет мерки, јавноста ќе знае во недела напладне, по владината седница на која ќе се разгледуваат мерките.

Денеска во попладневните часови на финално усогласување мерките ќе се најдат пред коморите, кои ќе имаат средба со премиерот и со сите економски министри.

„Денеска се одржува повратниот состанок на министрите од ресорите за економија и финансии со стопанските комори. Ќе бидам присутен и јас на состанокот со коморите, заедно да ги заокружиме мерките. Утре министерката за труд и социјална политика и вицепремиерот за економски прашања ќе одржат Економско социјален совет и тука ги затвораме сите дебати за мерките, односно тие да бидат усогласени и со синдикатите и работодавачите. Во недела во 10 часот имаме закажано Влада на која тематски ќе одлучуваме за четвртиот пакет, ако сите овие постапки поминат како што треба верувам дека некаде на пладне околу 13 часот, ќе ги објавиме заедно со економските ресори“, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Еден дел од мерките ќе сењ донесат со одлуки на Влада, а еден дел со одлуки на парламентот, бидејќи сега нема вонредна состојба и нема уредби со законска сила.

Заев вели дека новиот сет мерки ќе важи за октомври, ноемви и декември, односно трите месеци до крајот на годината. Ова значи дека ќе има простор до 15 октпомври тие да поминат и во Парламентот.  

Според премиерот, не може да се носат мерки отсега до март. Сега буџетот е во кондиција, вели тој, и мора да ги задржиме работните места и компаниите. Но, Владата мора да биде рационална во одлуките, така што се очекува најверојатно во декември да се разговара за нови мерки кои би важеле од јануари до март, април, мај, односно до кога би траела кризата. 

„Сите знаеме дека до крајот на годината ќе се јави вакцина и лекарства, тоа ќе го растовари психолошкиот пакет во стопанството“, вели премиерот Заев.

Тој откри и дел од мерките, а меѓу нив се одложувања на аконтации, како и ослободувања на даноци.

„Но, ќе видите и во мерките дека ќе има и мерки кои се однесуваат дири и до крајот на 2021 година, имааме одредени одложувања на аконтациите, ослободувања од даноци и одредени други мерки, кои компаниите треба уште отсега да ги знаат, бидејќи не патат сите од кризата еднакво. Некои компании се сто отсто погодени, бидејќи се комплетно затворени, некои се 30 отсто погодени, а за тие што се помалку од 30 отсто погодени за нив има одложување на даноци, одложување на кредити и слично“, рече премиерот.

На прашањето колку ќе чинат субвенциите за етничните вработувања и дали ќе биде таа мерка дел од овој пакет, рече декса мора сите региони еднакво да се развиваат и тоа да се помогне.

„Уште еднаш потенцирам, имаме јасно определено и во програмата, страна 39, каде што се работи за водење на грижа за еднаквоста при помагањето, односно рамномерниот регионален развој. Граѓаните се еднакви но не можеме да бидеме еднакви ако кумановскиот регион има најголем број невработени, а не е развиени исто и селата, поа потребен е поголем фокус на селата.

Инаку, дека економијата е погодена од кризата, доволно говори и податокот на Агенцијата за вработување, дека ковид кризата им ги зеде работните места на над 12 илјади лица за период од шест месеци.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија