20 Мај, 2024
0.0304

Ќе има ли нови рестрикции: Заседаваат Комисијата за заразни болести и Владата

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата денеска ќе одржи седница за мерките кои ги предложи Комисијата за заразани болести минатата недела, а треба да се преиспитува и одлуката за отворање на границите и влезот во земјава од соседни земји без ПЦР тест. Сепак за претпладнево е закажан состанок и на Комисијата за зарaзни болести. Пoради зголемувањето на бројот на новозаболени, можно е да има и нови рестриктивни мерки, меѓу нив се тврди, и опцијата за затворање на угостителските објекти по 22 часот. 

Препораките кои уште не се усвоени на владина седница од минатата недела беа забрана за групирање по 22 часот, задолжително носење маска на отворено и ограничување на бројот на гости кои може да дојдат на семејни прослави.

Инаку вчера имаше доста гужва на граничните премини кон Косово, откако беше одобрено патување без потребен ПЦР тест за граѓаните од двете земји. Владата денеска, затоа, ќе ја преиспита одлуката за влез во земјава без ПЦР-тест за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Според првичните најави, без ПЦР тест од вчера требаше македонските државјани да влегуваат и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

Но, доцна вечерта завчера, македонската влада информираше дека поради зголемениот број заразени, забраната останува и единствено ќе може да се патува на Косово.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража