21 Мај, 2024
0.0303

Кинезите бараат 143 милиони од Владата за автопатите

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Владата веќе постигна согласност за продолжување на роковите за изградба на двата спорниот автопат Кичево-Охрид за уште една година, но дополнителните изведби ќе значат и плус пари кои ќе мора да им се исплатат на „кинезите“ од Синохидро кои бараат дури 143 милиони евра. 

Засега за одвојување на нови средства од буџетот ќе се водат преговори во обид оваа сума ако ништо друго барем да се намали бидејќи веќе се потрошени голем број на средства. 

„Пресметката за сите  дополнителни работи коишто некој заборавил да ги направи  допрва ќе се направи за да биде прецизна, точна и јасна. Во истиот момент кога ќе се заврши пресметката, кога анексот ќе биде  испреговаран и ќе биде во фаза на потпишување јавноста ќе биде целосно информирана точно и јасно“, вели Миле Бошковски - портпарол на Влада

Договорот за автопатот чини 373 милиони евра, но со исправањето на грешките може да стигне и до половина милијарда, што е скандалозна цена за само 57 километри автопат. 

Танески од Завод за испитување материјали, што се проектанти на дел од автопатот, вели дека проектната цена била многу пониска од парите што им се платија на Кинезите. Јавното претпријатие за државни патишта требало да реагира на време дека чинењето на автопатот не одговара со цената на првичниот договор.

„До сега, од кога е готов проектот навака не сме за ништо консултирани. Значи досега Заводот и во градба овие 4 години за ништо не сме консултирани. Значи секој месец имало проблеми меѓутоа тие проблеми стојат 3-4 години, требало да се реагира веднаш“, вели Борис Танески - Завод за испитување материјали

Договорот со Кинезите го направи поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство врз основа на индиции од нелегално прислушуваните разговори отвори случај против поранешни високи функционери кои се осомничени за земање провизија и местење на работата на Кинезите за да ги градат автопатиштата во Македонија. 

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов до февруари следната година. Но до сега е направен само половина.

Извор: ТВ24

Можеби ќе ве интересира

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави