19 Мај, 2024
0.0373

ЌЕ ЈА СПАСУВААТ СЕЗОНАТА: Свечен пречек за руски туристи во Анталија

Објавено во: Балкан 03 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Првите групи руски туристи пристигнаа на аеродромот во Анталија, каде беа пречекани свечено, со цвеќиња и коктел, јавија турски локални медиуми. Ова следеше по продолжувањето на чартер летови меѓу Русија и Турција, кои беа прекинати пред околу осум месеци поради соборувањето на рускиот авион од турските борбени авиони во ноември минатата година.

Според турски извори до крајот на оваа сезона се очекува околу половина милион руски туристи да пристигнат со чартер летови на одмор на турскиот Медитеран.

„Обновувањето на одморот на руските туристи нема да успее да го спаси турскиот туризам од длабоката криза. Кризата е последица не само од повлекувањето на руските туристи, но и на туристите од другите земји поради серијата терористички напади. Сепак очекуваме дека доаѓањето на руските туристи ќе го оживее туризмот и барем до одреден степен ќе биде спасувачки појас и можеби ќе има позитивен ефект за следната сезона“, коментира турски претставник.

Според турски туроператори новите руски туристи претпочитаат да летуват во тризвездни хотели, за разлика од пред кризата, кога Русите беа клиенти главно на пет ѕвездени хотелски комплекси. Се смета дека тоа е диктирано од економски причини.

“Одмор во тризвездни хотели ол инклузив им испаѓа толку евтино на руските туристи што семејство со едно дете фактички ќе ја потроши истата сума, ако се наоѓа во Москва. Еднонеделниот одмор на семејство со едно дете чини околу 33 илјади рубљи (1500 турски лири, околу 500 евра), додека цената во хотел со пет ѕвездички е 42 500 рубли“, посочува претставник на туристичка агенција.

Во првите групи од Русија има туристи од различни руски области, вклучувајќи и од Сибир.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс