15 Август, 2020
0.0269

Како „Уготур“ стана “пали – гаси“ за набавки во скопска „Европа“?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2020

„Уготур“ е компанија чија дејност е подготовка и дистрибуција на храна за работничката менза на поранешниот гигант – скопската Железарница. Оваа компанија ( која лани имала вкупни приходи од 200.000 евра) сега доби ексклузивен договор како набавчик на стоки и услуги на вредност до 5,7 милиони евра кои ќе ги плати скопската кондиторска индустрија „Европа“

Скопски „Уготур“ ќе стане агент – посредник што ќе набавува стоки и услуги за потребите за кондиторската индустрија „Европа“. Вредноста на ексклузивниот договор за посредување што ќе го добие „Уготур“ од „Европа“ е до 5,7 милиони евра и може да биде составен од повеќе договори при што „Уготур“ ќе избира најповолни понудувачи за стоки и услуги на кондиторската индустрија „Европа“. Ова е содржано во предлог одлуката што на претстојното акционерско собрание треба да ја одобрат мнозинството акционери на „Уготур“ затоа што согласно со Законот за трговски друштва станува збор за голема зделка. Односно книговодствената вредност на имотот на „Уготур“ е околу 832.000 евра, а со „Европа“ ќе склучи договор за набавка на стоки и услуги во вредност до 5,7 милиони евра.

Не е познато зошто „Европа“ го одбра токму „Уготур“ за ваква зделка со која му дава овластување (веројатно за определен надоместок ? н.з.) да врши избор на најповолни даватели на услуги и снабдувачи со стоки за потребите на „Европа“. Навистина зделката е „мистериозна“ особено заради тоа што „Уготур“ е компанија чија основна дејност е подготовка на храна за работничка исхрана и лани имал вкупни приходи од 200.000 евра. Сега од „Европа“ ќе добие рамка да набавува за нејзини потреби стоки и услуги во вредност до 5,7 милиони евра.

Особено е интересно тоа што „Уготур“ станува ексклузивен посредник – снабдувач на „Европа“. Ексклузивен затоа што кога ќе се соберат официјалните податоци за збирот на ланските трошоци на „Европа“ за набавка на суровини и за исплата на услуги со карактер на материјални трошоци е 6,6 милиони евра. Годинава „Уготур“ ќе договара набавки за „Европа“ во вредност до 5,7 милиони евра. Тоа е 86 отсто од збирот на ланските трошоци за суровини и услуги со карактер на материјални трошоци.

Каде е линкот меѓу „Европа“ и „Уготур“?

Корпоративните податоци за сопственост во друштвата укажуваат на извесна поврзаност. „Уготур“ е голем акционер во „Макошпед“ (поседува 15,2% отсто од акциите н.з.) . А „Макошпед“ е компанија што е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ (поседува 12,9 отсто од акциите). А „Фершпед“ и „Макошпед“ заедно поседуваат 40 отсто од акциите во скопска „Европа“.

Извршната директорка на „Уготур“ поднела неотповиклива оставка

„Уготур“ деновиве на берзанскиот информативен сервис СЕИ НЕТ објави предлог одлука за претстојното собрание во која се предлагаат два нови члена на Одборот на директори со што бројот на членови во врвното управувачко тело на компанијата ќе се зголеми од 4 на 5 лица. Во образложението кон предлог одлуката е наведено дека во март извршната директорка на „Уготур“ Бојана Анѓелеска поднела неотповиклива оставка. Нови предложени членови на бордот се Оливер Стојчевиќ и Душко Анѓелов.


Можеби ќе ве интересира

Како ќе се спаси германската економија?

Како ќе се спаси германската економија?

Македонија е најевтина земја во Европа - Британците би заштедиле ако се преселат овде

Македонија е најевтина земја во Европа - Британците би заштедиле ако се преселат овде

Костовски: Точно е дека како групација имаме долг од пет милиони евра кон Комерцијална банка - под хипотека се зградата, Поштенска банка и Палата Македонија

Костовски: Точно е дека како групација имаме долг од пет милиони евра кон Комерцијална банка - под хипотека се зградата, Поштенска банка и Палата Македонија

Сопственикот на банката обвинува: поранешниот директор Петковски го натера вујко му да формира фирма со пет илјади евра, а потоа му даде кредит од 1,2 милиони евра

Сопственикот на банката обвинува: поранешниот директор Петковски го натера вујко му да формира фирма со пет илјади евра, а потоа му даде кредит од 1,2 милиони евра

КОМПАНИЈА ФОРМИРАНА ВО ДУБАИ САКАЛА ДА ЈА КУПИ ЕУРОСТАНДАРД - Костовски ќе вложел и свои 2,5 милиони евра само да се спаси банката

КОМПАНИЈА ФОРМИРАНА ВО ДУБАИ САКАЛА ДА ЈА КУПИ ЕУРОСТАНДАРД - Костовски ќе вложел и свои 2,5 милиони евра само да се спаси банката

Тонат економиите на три европски земји поради пандемијата

Тонат економиите на три европски земји поради пандемијата

Костовски: Не ја ставајте во овој вител Нина Ангеловска, таа е стар клиент на банката

Костовски: Не ја ставајте во овој вител Нина Ангеловска, таа е стар клиент на банката

Костовски обвини за смислено сценарио, ако се прифати стечајот ќе ја тужи државата и Народна банка

Костовски обвини за смислено сценарио, ако се прифати стечајот ќе ја тужи државата и Народна банка

Ангеловска-Бежоска кај Пендаровски: Максимални напори за обештетувањето на депонентите во Еуростандард

Ангеловска-Бежоска кај Пендаровски: Максимални напори за обештетувањето на депонентите во Еуростандард