19 Мај, 2024
0.0267

Како „Силекс“ направи дупка од 1,6 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Оперативните расходи пораснале за 225 милиони денари до ниво од 645,7 милиони денари. Тоа е зголемување за 53 отсто што ја предизвикало загубата од 1,6 милиони евра во услови кога приходите од продажба се зголемени за 2 милиони евра

Рударско индустрискиот комбинат „Силекс“ лани го зголемил приходите од продажба за 34 отсто, но оперативните расходи му пораснале за 53 отсто и заради тоа компанијата годината ја завршила со загуба од 98,55 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот биланс на успех што го објави компанијата.

Официјалните податоци покажуваат дека компанијата лани успеала да ги зголеми своите приходи од продажба за 110 милиони денари односно за 34 отсто до износ од 435,1 милиони денари. Огромен скок „Силекс“ направил на странските пазари затоа што неговиот извоз пораснал за 140 милиони денари до 161,5 милиони денари. Наспроти тоа „Силекс“ делумно ја намалил својата домашна пазарна позиција. Податоците покажуваат дека лани неговиот домашен пласман е 273,5 милиони денари што е пад од 10 отсто.
Резултатот е последица на огромниот раст на оперативните расходи на компанијата. Имено тие достигнале 646 милиони денари и во однос на 2016 година се повисоки за 225 милиони денари односно за 53 отсто. Најголем раст има кај најголемата расходна ставка : трошоци за суровини и материјали. Тие пораснале за 180 отсто до износ од 317,3 милиони денари, а во 2016 година биле 112,7 милиони денари. Голем раст има и кај останатите оперативни расходи кои во 2016 година биле 49,5 милиони денари, а лани изнесувале 113,2 милиони денари. Тука растот на трошоците е за 130 отсто. Оперативната загуба е 99,4 милиони денари, а вкупната сеопфатна загуба е 98,55 милиони денари.

„Силекс“ на крајот на минатата година имал краткорочни обврски во износ од 197,8 милиони денари и тие се повисоки за речиси 50 милиони денари во однос на 2016 година. На друга страна пак „Силекс“ успеал да ги намали останатите краткорочни обврски од 80 на 11 милиони денари и со тоа вкупното ниво на тековни обврски лани да го намали за 30 милиони денари во споредба со 2016 година. Обврските кон добавувачите на крај на 2017 година биле 145 милиони денари (исто како и во 2016 година), а побарувањата од купувачите изнесуваат 103 милиони денари и се пониски за 10 отсто од 2016 година. 

Ниту од увидот во паричните текови не може да се стекна појасна слика за загубата на „Силекс“ во 2017 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?