19 Мај, 2024
0.0278

Како прават пари бугарските банки во Македонија?

Објавено во: Економија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

УНИ Банка солидно ја одржува и ја подобрува својата пазарна позиција, но не дели дивиденда. ЦКБ грчевито се бори во силната конкуренција на средно-мали банки за да одржи статус кво во борбата за опстанок, а малата Капитал банка преживува само благодарејќи на постојаните квалитетни инфузии од матичното друштво „Алфа Фајненс Холдинг“

На македонскиот банкарски пазар битисуваат три банки кои се со доминантен капитал од Бугарија. Тоа се: УНИ Банка, Централна кооперативна банка ЦКБ и Капитал банка. Најголемата од нив е во групата на средни банки, втората е во лигата на средно-мали банки, а третата е на опашката во најмалите банки. Според бројот на банки со доминантен капитал од една странска држава Бугарија е лидер за тоа што во Македонија од странско-поседуваните банки , најмногу, односно три се банки кои се доминантно поседувани од бугарски банки или финансиски институции.

Какви инфузии прима Капитал банка?

Најмалата од бугарско-поседуваните банки, а воедно една од најмалите на пазарот и со најлош резултат е Капитал банка. Лани таа заврши со загуба од 2,95 милиони евра и тоа е многу полош резултат од 2016 година кога имало макар и минимална добивка од 40.000 евра. Капитал банка лани го губела своето пазарно учество и тоа се гледа по падот на приходите од камати и од надоместоци и од провизии, а паралелно со тоа има огромен раст нарезервациите на кредити кои надминале 3 милиони евра и пораснале за 2 милиони евра во однос на 2016 година. Губењето на пазарната позиција се рефлектира и во намалувањето на кредитирањето проследено со раст на вложувањата во македонски државни обврзници. Кредитирањето се намалило за 8,4 милиони евра  до износ од 215 милиони евра, а вложувањето во државни обврзници надминало 8,4 милиони еврана крајот на 2017 година. Капитал банка не стои добро и кај депозитите на други коминтенти. Тие се намалиле за 7,3 милиони евра лани до износ од 36,7 милиони евра. Во ревизорскиот извештај се гледа дека банка редовно е помагана преку „инфузии“ од сопственикот – бугарското друштво „Алфа Фајнанс холдинг“. Тие се состоеле од отпис на долг, преку откупување на корпоративна обврзница за познат купувач до субординирани заеми. „Алфа Фајненс холдинг“ поседува над 95 отсто од акциите на Капитал банка. Оваа банка има акумулирана загуба од 10 милиони евра.

Како ЦКБ се бори за место под сонцето?

Средната од трите бугарски банки, ЦКБ лани успеала минимално да ги зголеми нето приходите од камати, но тие 5 милиони денари ги изгубила со истветното намалување на нето приходите од провизии и надоместоци. Нето приходите од камати и од провизии и надоместоци се нешто над 5 милиони евра. Најголема трошочна ставка се останатите расходи кои изнесувале 2,5 милиони евра,а веднаш зад овие расходи се трошоците за вработени кои изнесуваат 2,3 милиони евра. Загубата на банката за 2017 година е 90.000 евра  и со неа акумулираната загуба на ЦКБ достигна 3,5 милиони евра.

Охрабрувачки за акционерите на ЦКБ е тоа што македонската банка го зголеми лани кредитирањето за 10 милиони евра до износ од 94,5 милиони евра на крајот на 2017 година. Нивото на депозити лани пораснало за 11,5 милиони евра до ниво од 115 милиони евра. Од достапните податоци се гледа дека во фокус на кредитирање на ЦКБ банка лани биле домаќинствата каде растот на кредитирањето е 9,5 милиони евра и од тоа растот на потрошувачките кредити е околу 7 милиони евра, а останатото е зголемување на пласманите во станбени кредити за физички лица.

Најголем акционер на оваа банка е софиската Централна кооперативна банка која контролира над 85 отсто од акциите и таа пред повеќе години ја купи „Силекс банка“.

Како УНИ Банка си отвара работа?

Најголемата од бугарско-поседуваните банки од трите најдобро изработела лани на македонскиот пазар. Ги зголемиле нето каматите од кредитирање за 1,5 милион евра до речиси 11 милиони евра. Нето приходите од провизии и надоместоци пораснале за 115.000 евра до износ од 2 милиони евра лани. Нето добивката лани изнесуваше 4 милиони евра и е поголема за над 1,5 милиони евра во споредба со 2016 година. Банката има акумулирана добивка која е речиси 5 милиони евра, но нема политика да дели дивиденда, барем не досега. Од билансот на состојба се гледа дека банката ја зголемува својта пазарна позиција и кај кредитите, но и кај депозитите. Кредитирањето е зголемено за 22,6 милиони евра до 178 милиони евра, а депозитната база пораснала за 32,4 милиони евра до 203,7 милиони евра.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?