19 Мај, 2024
0.0338

Како МБПР ќе дава поевтини кредити и ќе ги стимулира компаниите?

Објавено во: Економија 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

На македонските компании им треба голема поддршка како од приватните банки, така и од страна на државните тела за раст на извозот и зголемување на конкурентноста со што ќе се освојуваат нови пазари, БДП ќе расте, а ќе се отвораат и нови работни места со компатибилни плати. За таа цел Владата планира да преземе неколку чекори за кои на вчерашната седница ги донесе и првите одлуки, при што во фокусот е ставена Македонската банка за поддршка на развојот и нејзиниот ангажман со приватниот сектор во Македонија. 

„Владата на Република Македонија, на 62 седница, го разгледа и усвои Полугодишниот извештај за износот и бројот на одобрени кредити од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), структурата по банки учеснички, како и состојбата на салдото, и го овласти д-р Драган Тевдовски, министер за финансии, со Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје (МБПР) да потпише Анекс кон Договорот за администрирање на Посебниот кредитен фонд бр.51-422/1 од 21.01.2011 година склучен меѓу Владата на Република Македонија и МБПР.

Со Анекс на Договорот склучен со МБПР ќе се намали каматната стапка за банките учеснички од 3% фиксно годишно на 2% фиксно годишно, ќе се намали каматната стапка за крајните корисници од до 8% годишно на до 5% годишно, ќе се зголеми максималниот рок на отплата на кредитите од 8 на 10 години и ќе се овозможи пласирање на кредити со намена и само за обртни средства со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 6 месеци и со тоа ќе се обезбеди поголема поддршка на  развојот од страна на Банката.

Како дополнителен заклучок, Владата ја задолжи Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје да подготви Стратегија за зголемување на капацитетите за финансирање на македонски компании, со поконкурентни цени и услуги, како и подобрување на условите за осигурување на извозот на македонски производи и во рок од 15 дена да ја достави до Владата“ соопштија од Владата. 

Основна задача на МБПР е токму да го поттикне извозот на македонските компании преку соодветни кредитни линии, како и поддршка за развој на малите и средните претпријатија. 


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?