20 Мај, 2024
0.0246

Како да се трансформираат компаниите за е-бизнис и веб технологии

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Развивање и адаптирање на бизнисите на информатичките системи, интернет базираните апликации и веб технологии е темата на предавањето што ќе се одржи од 13 до 15 ноември. Предавањето ќе им помогне на учесниците да ги запознаат овие промени и да ги истражуваат можностите кои интернетот и е-бизнисот може да им ги обезбеди на компаниите во различни сектори како набавка, производство, маркетинг, дистрибуција, услуги за клиентите.

Акцентот во овој едукативен модул е ставен на интернет маркетингот, алтернативните и нови промотивни алатки. Дополнително учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе за новите барања во една компаниска средина на 21от век, ќе се запознаат со новите методи на работење, современите организациски структури, како и стилови на управување.

shefild 1

Предавањето ќе го одржи професор Џорџ Фасас, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, дипломец на магистерските студии за извршни позиции (ЕМБА) при Леонард Н. Стерн, Бизнис школата на Универзитетот во Њујорк, САД. Џорџ Фасас работи како консултант за интернет маркетинг и онлајн продажба. Тој е ко-основач на Head in Beds, Консалтинг aгенција за хотелски бизниси и е одговорен за онлајн стратегијата на многубројни хотели и туристички установи во Грција. Професорот Фасас е лиценциран партнер на Google.

Со примена на милтимедијален и интерактивен пристап викенд модулот за Е-бизнис и интернет маркетинг за учесниците ќе овозможи развивање способност за евалуација на постоечкиот информатички систем и негово подобрување и прилагодување на пазарните потреби како и запознавање со информатичките системи кои се фокусираат на интернет и веб технологии и презентација на стратегии за нивна употреба. Воедно учесниците ќе стекнат клучни вештини при практикување на е-трговија и е-маркетинг, управување и развој на е-услуги, блогови и социјални мрежи и запознавање со најновите размислувања во е-бизнисот и интерактивните маркетинг алатки.

Со следење на предавањето учесниците се стекнуваат со Сертификат од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Краен рок за аплицирање е 11 ноември 2015 година. Повеќе информации на +389 2 3064 533, office@managersacademy.mk или www.managersacademy.mk

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО