18 Јуни, 2024
0.0322

КАДЕ ОДИ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ: Директор, Нотар или Амбасадор?

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

По повеќе од девет години, Горан Трајковски, досегашниот директор еден од поистакнатите функционери од редовите на Вмро-Дпмне, ја напушти челната позиција во една од најмоќните државни институции, Управата за јавни приходи. На местото на Трјковски веќе е именуван Кирил Миновски, досегашен директор на Државниот пазарен инспекторат.  Миновски  бил именуван на владина седница оддржана во вторникот. Веќе вчера, лично Трајковски со писмен допис до вработениет во УЈП, ја соопштил веста за неговото заминување. “Ве известувам дека од 04.11.2015 година нема да ја обавувам функцијата Директор и нема да бидам дел од раководството на Управата за јавни приходи“ - напишал Трајковски во интерен електронски  допис со наслов “Благодарност за досегашната работа“, испратен меѓу вработените во УЈП. Од УЈП ја потврдуваат автентичноста на ова писмено обраќање на Трајковски. “Точно е дека постои ваков писмен допис. Досегашниот директор ќе ја напушти УЈП до крајот на оваа недела“, велат од Управата за јавни приходи. Причините се од се по малку На прашањето зошто тој не се кандидирал на новиот конкурс за избор на директор, и дали заминува од лични или професионални причини, следуваше краток и воздржан коментар: “Причините се од се по малку“. Трајковски е разрешен од фунцијата в.д на владината седница што се одржа во вторник. “Можам да потврдам дека на владината седница во вторник  Кирил Миновски е именуван за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој беше досегашен директор на пазарниот инспекторат. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни на неговиот ангажман за придонесот во реализација на владината програма и реформите кои ги спроведе и резултатите кои ги испорача во институцијата која ја раководеше. Планирано е соработката со господинот Трајковски да продолжи на друга одговорна функција“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Што ќе работи Од Владата одбија да коментираат дали Трајковски заминува на нова државна функција или можеби на некоја амбасадорска позиција. Според дел од информациите во бизнис круговите, досегашниот прв даночник најверојатно целосно ја напушта државната служба и планира да стане нотар. Во јавноста, дел од медиумите како причина за конечното заминување на Трајковски ги посочуваат “различните позиции“ со министерот за финансии Ставрески. Мандaтот на Трајковски истече во август, по што беше објавен оглас за нов директор, но тој остана да ја извршува функцијата до новиот избор. Тогаш од Владата коментираа дека Трајковски, како и сите има право повторно да се кандидира за реизбор. Управата за јавни приходи заедно со други клучни институции беа дел од извешатајот на Прибе, како институции во кои се потребни реформи и промени. Во презентираните аудио разговори што ги објавуваше опозициската СДСМ, во неколку наврати се слушаа и разговори на Горан Трајковски, во еден дел со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за во друг случај со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во некои од разговорите се слушаше како инспектори на УЈП казнуваат дуќанџии и кафулиња во Прилеп и Струмица, затоа што биле блиски до опозицијата. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Цената на бакарот падна на најниско ниво во последните два месеци

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Цената на бакарот падна на најниско ниво во последните два месеци

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена

ТРИ ЧАСА ЕВТИНА ТАРИФА ПРЕКУ ДЕН: Граѓаните за ова ќе почекаат

ТРИ ЧАСА ЕВТИНА ТАРИФА ПРЕКУ ДЕН: Граѓаните за ова ќе почекаат

OВАА ЗЕМЈА Е „ЕЛДОРАДО“ ЗА СРБИТЕ: Милиони евра испраќаат дома

OВАА ЗЕМЈА Е „ЕЛДОРАДО“ ЗА СРБИТЕ: Милиони евра испраќаат дома

СТАРИТЕ СТАНОВИ ВО БАЛКАНСКА ПРЕСТОЛНИНА УРИВААТ РЕКОРДИ: Kвадрат чини 6.000 евра?

СТАРИТЕ СТАНОВИ ВО БАЛКАНСКА ПРЕСТОЛНИНА УРИВААТ РЕКОРДИ: Kвадрат чини 6.000 евра?

СТАНОВИ И КУЌИ СО МИЛИОНСКИ ЦЕНИ: Дури и за купување на гаража во Белград ви требаат многу пари

СТАНОВИ И КУЌИ СО МИЛИОНСКИ ЦЕНИ: Дури и за купување на гаража во Белград ви требаат многу пари

ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ДОАЃА ОД ЗАСТАВА - еве како ќе изгледа, а ова му е цената! Официјално ќе биде претставен на 18 јули

ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ДОАЃА ОД ЗАСТАВА - еве како ќе изгледа, а ова му е цената! Официјално ќе биде претставен на 18 јули