19 Мај, 2024
0.0267

Југоистокот прогласи прва победа против „рудниците на смртта“

Објавено во: Економија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Граѓанските активиси од Спас за Валандово - СОС се задоволни од успешно завршената прва битка и издвојувана битка против како што ги нарекуваат рудниците на смртта. По одржаните референдуми на локално ниво и јасното изјаснување на граѓаните од Валандово, Гевгелија, Дојран и останатите, рудникот Казандол дефинитивно сопира со изградбата. 

Владата на Република Македонија донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија со Сардич МЦ компанијата со украински капитал. Тие ја изгубија дозволата за концесија за експлоатација на минерална суровина бакар поради неисполнување на обврските од договорот склучен со Владата. 

„Честитки до сите граѓанки и граѓани од југоистокот кои се изборија за единственото разумно решение : Затварање на рудникот Казандол а да се избориме и против рудникот Иловица.  Благодарам и од името на граѓанските здуженија и граѓански активисти.  Да не дозволиме ниту еден рудник со отворен коп со користење на сулфурна киселина и цијаниди кои може да го уништи југоистокот“, истакна Нико Попов, еден од поборниците да се стопира изградбата на рудникот во Казандол. 

Конкретно прекшен е членот 13 од договорот, односно не е изградена постројка која може да преработува 50% катоден бакар.

„Во рок од две години од денот на доделување на концесијата  не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда. Предвидениот рок од две години според член 13, став 1 е суштинска состојка на договорот бидејќи е даден како услов во јавниот повик и тендерската документација“ - изјави Заев.

Концесионерот Сардич МЦ вчера информираа  дека не постои основа за еднострано раскинување на договорот за концесија оти сите членови од договорот и законската регулатива се исполнети. Најавија тужба пред арбитражниот суд во Вашингтон. Сепак, за такво барање треба да имаат правен основ.

Сега, граѓанските активисти посочуваат дека ќе се спречува работата на рудникот за злато Иловица кој се наоѓа над најплодното земјоделско струмичко поле, како и тоа дека борбата против нови рудници кои користат тешки хемикалии ќе продолжи и понатаму.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?