19 Мај, 2024
0.0296

Јовевски: Не чекавме Рашковски да си даде прво оставка

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Државниот обвинител Љубомир Јовевски вели дека Обвинителството не ја чекало оставката на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски од својата последна функција во Владата, како услов за негово приведување.

Тој синоќа во „Топ Тема“ на Телма рече дека е отворена истрага по допрен глас за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци уште додека Рашковски ја извршувал функцијата,.

-После преземените предистражни мерки, Јавниот обвинител кој постапува по предметот нашол дека постојат основи за отворање истрага и ја отвори истрагата и притоа според негова оценка, треба да се преземат соодтвени мерки кон лицето против кое се води истрагата, изјави Јовески во вечерашното гостување на Топ Тема.

Претседателката на „Транспаренси интернешнл Македонија“ и поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, во „360 Степени“ посочи дека потребно е да се разгледаат повеќе аспекти за овој случај, но и дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има можност во рамките на истрагата да побара и финансиска истрага, за да се утврди каде завршиле парите.

„Кога зборуваме за овој кривично-правен настан треба да го гледаме во една целина … Мораме да се потсетиме дека имаме и други органи во државата, институции. Што правело Бирото за јавни набавки во оваа ситуација, дали таму набавката поминала низ сите процедури, дали била проверена оправданоста на набавката? Она што Јавното обвинителство може сега да го прави е паралелно со криминалната истрага да отворат и финансиска истрага. Да се види парите од овој тендер каде отишле и што се случувало. Затоа и постои цела стратегија за финансиски истраги, а постои и процедура која е усвоена меѓу институциите во која се вклучени Управата за финансиско разузнавање, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавно приходи и други институтции кои треба да се поврзат за точно да се утврди што се случило со парите од овој тендер“, рече Тасева.


Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри