СДСМ размислува пратениците во изолација да дојдат со скафандери во Собранието
Објавено во: Македонија 17 Април, 2021
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, потврди дека владеачкото мнозинство размислува да ги доведе своите пратеници кои што се во изолација во скафандери во Собранието на утрешната седница за да бидат изгласани законите од 36 седница што предвидуваат економска помош за компаниите и граѓаните.
„Граѓаните и компаниите во овие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаат помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места. Затоа, ќе направиме се што е потребно и се што е можно за да се донесат законите поврзани со петтиот пакет. Граѓаните треба да знаат. Опозицијата прави се за помошта да не стигне кај граѓаните. Ние правиме се за помошта да стигна кај граѓаните. На крајот, граѓаните ќе бидат победници. Парите на граѓаните мора да стигнат кај нив“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ,
Јован Митрески во изјава за „360 степени“. рече Митрески за „360 Степени“.Ваков простор се остава во случај доколку утре повторно нема кворум, бидејќи на тенкото мнозинство му фалат тројца пратеници кои се во изолација поради Ковид-19.
Во моментов не е познато дали опозициските пратенички групи ќе имаат волја да обезбедат кворум на седницата која претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа за утре во 14.00 часот.
Џафери инсистира прво да биде довршена 32 седница, а дури потоа да следува 36-та на која се законите од четвртиот и петтиот пакет на економска помош.