19 Мај, 2024
0.0262

„Јогурт кој ве раздвижува“ – Промовиран Здравје + на Здравје Радово

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Денес напладне во скопскиот хотел Холидеј Ин, од страна на компанијата Млекара Здравје Радово беше промовиран новиот функционален јогурт Здравје +.

На промоцијата говореа г-дин Панделе Панделески - извршен директор на Млекара Здравје Радово и маркетинг директорката на комапнијата г-ѓа Милка Исјановска.

CC8A0780

Тие на средбата со новинарите ја истакнаа потребата од лансирање на нов производ - функционален јогурт, кој од денес е достапен за сите потрошувачи. Одговорните лица во млекарата го потенцираа периодот на создавање на Здравје +, во кој секој еден вработен во компанијата се вложил максимално.

-Денес по неколку годишна макотрпна и посветена работа ви го презентираме новиот функционален јогурт Здравје + кој на македонскиот пазар го промовираме под мотото: Јогурт кој ве раздвижува. Виталност, енергија и хармонија беа трите столба на кои што работеа нашите технолози. Како компанија воопшто не брзавме овој финкционален јогурт да го поставиме на полиците што побргу, напротив сакавме детално и многу посветено да ја одбереме вистинската формула користејќи го нашето знаење и искуство. Затоа денес со гордост можеме да кажеме дека имаме врвен производ, единствен на нашиот пазар направен од 100% висококвалитено млеко од Маедонија.

Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи - со овие пораки го доближуваме новиот производ до нашите верни потрошувачи -изјави Директорот на комапнијата Панделески.

CC8A0701

Маркетинг директорката на Млекара Здравје Радово најави целосна посветеност во промовирање на здравите навики кај своите потрошувачи.

-Не чека долг пат во подигнување на свесноста за сопственото здравје. Функционалниот јогурт е одличен почеток на денот за луѓе кои внимаваат на себе. Ние како општествено одговорна компанија внимавме на нашите консументи.

Ќе продолжиме со креирање проекти кои ќе го промовираат личното здравје. Од оваа година покренавме низа акции во поддршка на здравиот начин на живот, рекреирањето и поддршка на велосипедизмот во нашиот проект Здравје во твои раце.

Само така сме сигурни дека сме во постојан контакт со нашите потрошувачи. Големите компании како Млекара Здравје радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи. Само најдоброто и ништо помалку. - истакна Исјановка.

CC8A0725

На денешната прес конференција беше најавено отворање на нов производствен капацитет на Млекарата. По двете фабрики во Струмица и една во Куманово, нов капацитет ќе биде отворен наскоро и во Битола.

Станува збор за целосно нова, модерна фабрика која како и претходните, ќе работи по стандардите пропишани од Европската унија со комплетно нова технологија. Тоа ќе биде можност за вработување на нови лица  а воедно и зголемување на капацитетотособено за ивозните пазари, ако се има во предвид дека за прв пат Млекара Здравје Радово со свои прозиводи е присутна  и на големиот руски пазар. Од комапнијата најавија и нов освежен дизајн на своите свежо и УХТ млеко.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО