20 Мај, 2024
0.0276

Јавноста загрижена за пациентите кои починуваат на помлади години од ковид: Имале ли коморбидитети?

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Сите болници во Македонија каде се лекуваат пациенти болни од корона вирусот, во случај кога ќе почине пациент испраќаат комплетна документација за самиот пациент, во која има детални податоци за неговата здравствена состојба. Освен што се наведени податоци за причина за смртта, има и податоци за дополнителни коморбидитети, потврдуваат од неколку болници за Фактор.

-Ова е правило кое од секогаш постои. Не само за корона вирусот, туку за сите други болести од кои починуваат пациентите. Целата документација, сега, посебно за пациентите починати од Ковид-19, со детали за историја на болестите кои ги имале, ја испраќаме до министерството за здравство каде што се обработуваат податоците и кои потоа ги доставуваат до јавноста. Не сите починати пациенто од корона вирусот имаат дополнителни здравствени состојби, но најголемиот процент сепак се и со други коморбидитети, посочуваат за Фактор, од неколку  ковид-центри.

Но, и покрај тоа што во јавноста има бројни реакции токму за тоа дали починатите пациенти имале и други тешки заболувања, освен што биле заразени со вирусот, во податоците за бројот на починати кои секојдневно се објавуваат, се уште е наведен само полот и возраста и местото на живеење.

-Воопшто не е лесно кога ќе прочитате „починаа пет пациенти од Скопје, најмладиот 32 години“. На ваква информација секако дека јавноста е исплашена, и нормално е да се праша зошто толку млад човек починал...Информациите во време на оваа епидемија навистина се од клучно значење...ова се само дел од некои реакции на граѓаните.

Инаку, бугарското министерство за здравство секојдневно објавува 24 часовна статистика, по што медиумите пренесуваат целосни податоци за починатите пациенти:

Таму во последните 24 часа почина дури 52 пациенти, најголемиот дел од нив се со коморбидитети и тоа:

43-годишна жена со дијабетес;

66-годишен маж со срцеви заболувања;

64-годишен маж со срцево и хронично невролошко заболување;

77-годишен човек со срцеви заболувања;

84-годишна жена со срцево и хронично невролошко заболување;

59-годишна жена со срцеви заболувања, дијабетес и дебелина;

71-годишна жена со хронично заболување на белите дробови;

57-годишна жена со дебелина, хронично заболување на бубрезите и срцето;

58-годишен човек со дијабетес и срцеви заболувања;

48-годишна жена со срцеви заболувања;

59-годишен маж со рак.

Инаку, во неделната статистика што ја објавува Институтот за јавно здравје, има податоци за бројот на починати и топчниот број колку имале други здравствени состојби, односно коморбидитети. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража