Јанкулоска храбро се држи, тврди нејзиниот сопруг
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2020
Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на екс министерката Гордана Јанкулоска, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, вели дека неговата сопруга храбро се држи во затворот „Идризово“.
-Гордана е добро, храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна, кога тогаш ќе дојде на нејзина страна. Петар е добро и тој е храбро дете и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и повеќе научи да живее во такви околности, изјавил Илиевски.
За очекувањата од Судот за човекови права во Стразбур, бидејќи тој е подносител на десете апликации на дел од обвинетите од СЈО, кои бараат аболицијата на Ѓорге Иванов да важи, Ивановски вели дека очекува одлука во нивна полза.Неодамна Јанкулоска почна да ја издржува казната затвор за случајот „Тенк“ за набавка на лускузниот Мерцедес.