Јанаки Митровски: Не може крупни компании да извезуваат канабис, а за потребите на граѓаните да нема ништо
Објавено во: Економија 29 Јуни, 2018
Јанаки Митровски, големиот поборник за легализација на канабисот во Македонија, за !ТВ истакна дека крупните бизниси го користат законот за насади од кои потоа заработуваат од извоз, додека малите субјекти, домаќинствата и болните граѓани немаат никаков бенефит.
За влегувањето на семејството Заеви во бизнисот, Митровски смета дека не е проблем кој било да се занимава со оваа работа, туку проблемот е во законското решение во кое власта го изгласа во 2016, но истовремено призна дека е лошо.
- Сега гледаме дека и новата извршна власт не го менува тоа законско решение за да го направи подостапно до граѓаните. Проблемот е што државата им овозможува на правни лица со значителни средства да работат со бизнис кој е се уште нелегален во поголем дел од светот, законот им дозволува експорт на производот, а не и обврски кон граѓаните, вели Митровски.
На пазарот има еден-два производи кои се несоодветни. Ние се залагаме средствата од даночење на рекреативната употреба на канабис задолжително да се користат за болните лица кои не можат да си дозволат канабис, вели тој.