22 Мај, 2024
0.0480

Изводите од матично директно ќе ви ги носат дома

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Како што најавија од Владата на РМ стартува проектот за достава на изводите од матична евиденција на домашните адреси на граѓаните. Овој проект е соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги и АД Македонска пошта Скопје.

За почеток проектот стартува во Скопје, а потоа и во останатите градови низ Македонија, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

Документите од матична евиденција на домашна адреса на граѓаните ќе се доставуваат најдоцна до 72 часа од моментот на аплицирањето на веб страната на Управата- www.uvmk.gov.mk.

Начинот на аплицирање е едноставен. Потребно е да ја посетите веб страната www.uvmk.gov.mk и преку посебен безбедносен систем што ги гарантира заштитата на личните податоци, да ја пополните табелата и да ја испратите до Управата .

Поштарот, по информацијата на Управата за водење на матичните книги, дека бараниот извод е готов, го подига од Управата и го доставува на домашна адреса на граѓанинот, најдоцна во рок од 72 часа.

Овој проект на двете институции им овозможува на граѓаните едноставност за аплицирање, брзина и заштеда на време и пари, како и намалување на турканици пред шалтерите. Воедно, овој систем на добивање на изводи од матичната евиденција е безбеден, каде личните податоци на граѓаните се максимално заштитени.

Нема дополнителни трошоци за бараниот извод. Трошоците се исти како да го барате и на шалтерите на Управата. Она што граѓаните треба да знаат за ваквиот вид на аплицирање за изводи од матична евиденција, е дека тоа треба да го сторат лично и не може да го нарачаат за друго лице. Што се однесува до правните субјекти како што се нотарите, адвокатите и извршителите , тие мора да прикачат на апликацијата полномошно од лицето за кое вадат документ од матичната евиденција.

Македонските државјани кои живеат во странство, преку дипломатско- конзуларните претставништва на Република Македонија, може да аплицираат за изводи од матичната евиденција, а доставата на овие документи е преку редовните линии за меѓународен поштенски сообраќај на АД Мкаедонска пошта Скопје.

Целиот проект е дел од владиниот План 3-6-9, која подразбира професионална и сервисно ориентирана администрација која ќе функционира и работи во подобрени работни услови, користејќи ги сите можности на современ пристап преку е-влада, е-услуги и интероперабилност.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази