21 Мај, 2024
0.0346

Иванов: Кинескиот проект „Еден појас, еден пат“ е многу значаен за Македонија

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Претставници од 15 држави од четири континенти присуствуваат на Третата конференција „Кина – Централна и Источна Европа“ посветена на улогата на човечкиот капитал во иницијативата „Еден појас, еден пат“ што од денеска се одржува во Охрид.

На отворањето на конференцијата, претседателот Ѓорге Иванов истакна дека Македонија, поради позитивното искуство од минатото, сака да биде дел и од новиот Пат на свилата заради што ја поддржува кинеската иницијатива „Еден пат, еден појас“, за која оцени дека придонесува кон мирот, просперитетот, отвореноста, иновацијата и поврзувањето меѓу цивилизациите.

– Само таму каде што има развиена патна инфраструктура, има и развиена трговија и соработка. Свесни сме дека кога се гради нова инфраструктура, се менува и географијата, а со менување на географијата, се менува и иднината. Инфраструктурните проекти во рамките на „Еден пат, еден појас“ ќе им овозможат на државите од Централна, Источна и Југоисточна Европа да бидат меѓусебно цврсто поврзани, со што ќе се зголеми компетитивноста на економиите од регионот за странски инвестиции. Тоа неповратно ќе ја промени географијата на регионот, ќе ги брише предрасудите и поделбите, ќе ја унапредува соработката и ќе ја гради европската иднина на сите држави во регионот, нагласи Иванов.

Станува збор за мошне важна иницијатива, особено за Македонија бидејќи „Еден појас, еден пат“ нуди можности за финансирање крупни инфраструктурни проекти во регионот што би придонеле за негово поголем економски развој.

– Се гради брза железница Будимпешта – Белград, Кинезите имаат и голем проект во пристаништето во Пиреја, а Македонија како држава што географски се наоѓа меѓу тие две точки има огромен потенцијал за економски бенефит. Покрај инфраструктурата, уште поголеми се нејзините можности за развој на науката и образованието, а особено на туризмот. Тука сме во Охрид, за кинеските претставници да можат непосредно да се уверат во туристичките потенцијали на Македонија што би отворило можност за проекти во тие сфери, вели професор Матеуш Рашковиќ од Економскиот факултет во Љубљана.

Де-џун Цао, професор од Универзитетот за меѓународни финансии и економија во Сечуан, укажа на потенцијалите што Македонија ги поседува како можност за воспоставување поинтензивна соработка со кинеското стопанство.

– Доколку кинеските туристи би знаеле колку е ова убаво место, сигурно би дошле тука. Имате прекрасно вино, но само со поголемо производство би можеле да задоволите дел од побарувачката на градот Чанду, кој има 16 милиони жители. Сирењето што го вкусив е најубавото што сум го пробал, но сметам дека понудата не би можела да ја следи побарувачката на само тој кинески град. Овие неколку примери покажуваат на потребата од поинтензивна соработка на стопанствениците на двете земји за реализација на идни проекти од обостран интерес, изјави Цао.

Проектот „Еден пат, еден појас“ во формат „16 плус еден“ што го спроведува Народна Република Кина предвидува крупни финансиски механизми за кои преку кинески банки стојат на располагање повеќе од 50 милијарди долари за инфраструктурни и други проекти во регионот. Според експертите, за да се искористат дел од тие средства потребно е да се има осмислени и сериозни проекти кои би ги имале предвид интересите на потенцијалните кинески партнери.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази