19 Мај, 2024
0.0285

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија.

Поделено во три секции, истражувањето опфаќа сумирани и обработени резултати за работните места на македонските ИТ професионалци, за нивните просечните примања, за полот, степенот на образование, добиените сертификати, за примарните технологии кои се користат за работа, за пречки при регрутација, најважни фактори при вработување, извори за барање работа и други клучни податоци. Анкетата укажува и на јасен родов јаз во платите и другите хонорарни примања меѓу професионалците во ИТ индустријата.   

Секцијата за програмери, девелопери и SYS администратори покажува дека повеќе од половина од професионалците се на возраст од 25-34 години. Од нив, 80.96% се мажи, додека само 19.04% жени. Најголем дел имаат завршено дипломски студии и поседуваат некаков вид на сертификат. Речиси ист број девелопери работат во домашни ИТ компании и во претставништва на странски компании во Македонија. 

Примањата имаат очекуван раст согласно искуството, а претставништвата на странските компании имаат континуирано повисоки плати од домашните компании. Според технологијата, најголеми примања имаат девелоперите кои работат Java. Просечните месечни нето примања (плата + други хонорари од работа) на македонските програмери, девелопери и SYS администратори изнесуваат 65.365 денари.

Слично како и кај програмерите, и секцијата за дизајнерите покажува дека повеќе од половина од професионалците се на возраст од 25-34 години. Како и во претходната група, и во оваа доминира машкиот пол: 72.61% од графичките дизајнери се мажи, а 27.39% жени. Степенот на образование најчесто е завршени дипломски студии, и голем дел од дизајнерите поседуваат некаков сертификат. Примањата имаат очекуван раст согласно искуството, а согласно технологијата највисоки примања имаат дизајнерите кои работат со векторскиот програм за Mac – Sketch. 43.92% од дизајнерите работат во домашни компании, а 31.22% работат фриленс. Просечната плата на македонските графички дизајнери изнесува 44.461 денари.

За разлика од програмерите и дизајнерите, професионалците од областа на дигиталниот маркетинг се претежно жени – 55.56%. Мнозинството од нив се на возраст од 25-34 години и иако најголем дел имаат завршено дипломски студии, 28.21% имаат завршено и постдипломски студии, а 68.97% поседуваат и сертификати. 44.96% од македонските маркетери работат во домашни компании, 27.91% во претставништва на странска компанија, а 13.95% работат фриленс. 

Најмногу заработуваат маркетерите кои работат за странска компанија и нивните примања се зголемуваат согласно искуството. Просечната плата на македонските маркетери изнесува 45.880 денари.

Целосните резултати од анкетата се достапни на https://www.it.mk/mapiranje-na-it-industrijata-vo-mk/

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО