19 Мај, 2024
0.0265

ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Се манипулира ли со нормата?

Објавено во: Економија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Иако поминаа месеци откако минималната плата од 200 евра е усвоена, сепак има поплаки од работниците дека истата едвај ја добиваат или пак заработуваат помал износ.

Измените во Законот за минимална плата со кои после подолг период требаше да бидат опфатени текстилната и кожарската индустрија, всушност не го постигнаа тоа, вели Снешка Илиќ од Реактор.

Додава дека со промените во овој закон работничките мора да исполнат одредена норма или учинок за на крај на месецот да го остварат правото на минималната плата. Според законот,  нормираниот учинок се одредува еднаш годишно од страна на работодавачот во соработка со работниците, објаснува таа.

„Земајќи го предвид нискиот степен на синдикално здружување во текстилната индустрија, моќта за преговарање на вработените во текстилната индустрија е многу ограничена со што работничките остануваат подложни на манипулирање на оваа законска одредба во насока на неостварување на минималната плата. За жал, сè уште не се направени истражувања или анализи за тоа колку промените во законот всушност влијаат врз текстилните работнички и нивните примања, односно колку од нив со промените во законот редовно примаат минимална плата“ – вели Илиќ.

Сепак „дупките“ во законот на газдите им овозможуваат да манипулираат со работниците.

„Проблематичната одредба на законот се однесува на нормираниот учинок – фактот што вработените во текстилната индустрија мора да го остварат за да примат минимална плата. Ова значи дека вработените ќе направат сè за да добијат минимална плата, вклучувајќи го и прекувременото работење, во спротивно нема да ја примат минималната плата од 12,000 денари. Сопствениците може многу лесно да манипулираат поставувајќи норма која е невозможна за исполнување.  За ова апелираше и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство од каде потенцираа дека на Социоекономскиот совет било договорено од Предлог-законот да биде отстранет делот каде се вели дека нормираниот учинот е услов за работникот да добие минимална плата, но тоа не било направено“ – објаснува Илиќ.

Илиќ вели дека од промените на законот евидентиран е само еден случај каде што инспекција утврдила дека минималната плата не е исплатена, и во овој случај не е утврден минимален учинок врз основа на кој би се исплаќала минималната плата.

„Ова ни укажува дека потребни се редовни и засилени инспекциски контроли врз субјектите кои ја вршат оваа дејност. Дополнително, од особена важност е синдикалното здружување во оваа индустрија со цел да им овозможи можност на вработените да преговараат за нивните работни услови, нормата и висината на платата. Потребна е и промена на законот со што ќе се отстрани оваа проблематична одредба и вработените во овие трудово интензивни индустрии редовно ќе ја примаат минималната плата без никакви ограничувања“- рече Илиќ.

Во септември лани е донесен  Законот за минимална плата.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вчера се пофали дека минималната плата ги дала очекуваните резултати. Рече дека со тоа е постигнато  зголемување на просечната плата во производство на облека за 16 отсто, а во текстилна индустрија над 24 отсто, или раст од 3.870 денари.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?