19 Мај, 2024
0.0263

ИНТЕРВЈУ СО МАГДАЛЕНА ХАМБОВА: Мебел 2018 ќе биде со рекордна посетеност

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Магдалена Хамбова, прект-менаџерот на Скопски Саем, во интервјуто за „Фактор“  најавува нови содржини и услови под кои ќе се одржи годинешниот „Мебел 2018“, кој од оваа година ќе биде организиран во СРЦ „Борис Трајковски“.

1.Мебел 2018 – го очекуваме во октомври. Дали есенскиот период е подобар за ваков вид на саем?

Најатрактивната и најпосетена саемска манифестација - Саемот за Мебел оваа година ќе се одржи од 05 до 10 октомври на целокупниот комплекс во ВИП Арената Борис Трајковски. Во контакти со излагачите и нивно мислење околу терминот, заеднички констатиравме и се договоривме дека октомври е погоден термин за одржување на саемот. По завршување на саемот, повторно заедно ќе се договориме дали повторно ќе го организираме во месец март другата година.

2.Мебел 2018 е  со нова локација?

Да, Саемот на Мебел оваа година ќе се одржи на нова локација на целокупниот комплекс Борис Трајковски  во три хали,во Вип Арената и во две современи монтажни изложбени објекти поставени во надворешниот дел на комплексот, или на вкупна површина од 8.000 м2. На истиот свое учество најавија најголемите производители и трговци со мебел од земјава и регионот. Со самото  тоа може да се очекува дека понудата на најнови дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разноврсна за сечиј вкус.

Со оглед на позитивното искуство што го имавме за времетраењето на Саемот на книга 2018, Скопски саем е во преговори за  повторна соработка со ЈСП и воведување на привремени атобуски линии за време на саемот до комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски, со што достапноста за посетителите на саемот е зголемена.

3.Дали имаме повеќе македонски производители на мебел годинава?

Бројот на македонски компании кои произведуваат мебел од година во година станува се поголем. Покрај тоа, тие имаат да понудат и несекојдневен дизајн  и врвен квалитет. Публиката веќе ги препознава и ги цени, а нам ни е особено драго да ги има во поголем број и да имаат поголема продажба на самиот саем.

4.Колку странски учесници имаат интерес да се појавата на нашиот Мебел 2018?

Традиционално, како и секоја година има огромен интерес за учество на компании од соседните земји и пошироко како Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Турција и друуги, или се претставуваат преку нивните застапници во земјава.

5.Што очекувате од Мебел 2018 во однос на посетата?

Саемот на Мебел, очекуваме како и Саемот на книгата да урне рекорди од 50000 посета, бидејќи покрај голема понуда што ќе ја има саемот, ќе има голем број на награди за посетителите од страна на организаторот.

САЕМСКА ТРИЛОГИЈА ВО ОКТОМВРИ

Покрај Саемот на Мебел, во октомври од 24 до 28 октомври ќе се одржи најголемиот деловен саем ТЕХНОМА, заедно со Саемот на градежништво и Реалекспо во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?