26 Април, 2024
0.0317

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Во последниот период евидентно е дека нашиот пазар на капитал е популарен кај домашните инвеститори и во тој сегмент има простор за негово понатамошно развивање, вели во Даринка Дамјановиќ, директор на Централниот депозитар за хартии од вредност во интервју за Фактор. За тоа според неа ќе придонесат последните иницијативи и конкретнии чекори на регулаторните тела за зголемување на финансиската писменост кај населението и кај корпоративниот сектор, бидејќи познат факт е дека вишокот средства се уште се инвестира предоминантно во депозитите. Нема најава дека наскоро депозитарот ќе ги објавува акционерите со под пет отсто од сопственоста во компаниите. ЦДХВ инаку слави 20 години од постоењето.

Со оглед на фактот дека ЦДХВ како институција е еден од столбовите на пазарот на капитал, ваша обврска и да нудите услуги со висок квалитет и сигурност. Кои се клучни предизвици пред кои сте исправени во дигиталната ера на интеграција на пазарите на капитал?

Дамјановиќ: Констатацијата дека Депозитарот е обврзан да нуди квалитетни и сигурни услуги преку одржување на високо ниво на сигурност на своите системи е дефинитивно точна. Токму поради ова, институцијата од самиот почеток е посветена на одржување на системска архитектура која обезбедува сигурност на податоците кои се чуваат во базите на податоци. Со развојот на информатичката технологија, неизбежно е постојано вложување во надградби на опремата од аспект на сајбер сигурност и заштита од опасностите кои ги носи глобалното вмрежување. Во таа смисла нашите системи се заштитени согласно најдобрите практики и стандарди.

Од аспект на претстојните предизвици ќе ги издвојам подготовките за усогласување со европските регулативи кои го регулираат работењето на централните депозитари за хартии од вредност кои ќе се одвиваат паралелно со претстојните новелации и усогласувања на локалната легислатива која ја уредува областа на работење со финансиски инструменти.

Како да се создадат институционални предуслови и да се подобри климата за да се зголеми ликвидноста на нашиот пазар на капитал преку зголемување на понудата на производи кои ќе бидат предмет на тргување?

Дамјановиќ: Во изминатите неколку години забележлива е поголема активност и интерес на институционално ниво, за подобрување на состојбите и формирање на стратешки концепт за зголемување не само на понудата, туку и побарувачката на хартии од вредност на локалниот пазар на капитал. Битно за споменување е дека оваа година формиран е нов состав на Советот за развој на пазарот на капитал при Министерството за финансии во кој се вклучени сите релевантни засегнати страни, кои можат да допринесат со иницијативи и предлози за понатамошен развој на сите аспекти кои се важни за натамошно подобрување на состојбите. Токму во моментов, Советот работи на нацрт Стратегија за развој на пазарот на капитал во Република Северна Македонија, документ кој ќе ги опфати мерките кои сите засегнати институции од финансискиот сектор треба да ги преземат и со чие имплементирање би се создала една нова клима. Тука спаѓаат регулаторните и владини тела, претставници на академијата, банките, осигурителните друштва, инвестициските фондови, пензиските друштва, берзанските посредници, но и претставници на приватниот сектор преку стопанските комори. Учеството на претставниците на сите овие институции вклучени во изработката на еден ваков стратешки документ во перспектива дава за право да кажеме дека започнува еден нов период во кој сериозно се пристапува кон овој сегмент на економијата. Со новата регулатива во делот на финансиските инструменти пак, дополнително ќе се отворат можности за издавање на нови финансиски инструменти.

Колку Македонците се активни учесници на пазарот на капитал? Колку од постоечките сметки се активни во смисла да тргуваат барем пет пати во текот на една календарска година?

Дамјановиќ: Во изминатите неколку години особено, евидентен е порастот на новоотворени сметки за хартии од вредност со цел започнување на активно тргување на домашниот пазар. Заживеа и услугата за управување со портфолио на хартии од вредност. Гледано пет години наназад во просек приближно 5.000 правни и физички лица учествуваат во вкупниот број трансакции додека просечно околу 550 од овие се инвеститори кои редовно тргуваат.

Имаше најави дека депозитарот ќе објавува акционери кои поседуваат под 5 отсто од акциите во домашните компании, но тоа се уште тоа не е овозможено. Планирате ли да ги направите јавни овие податоци, со оглед на се позачестената насоченост на државата кон зголемување на транспарентноста?

Дамјановиќ: Објавувањето на акционерите кои поседуваат 5 отсто или повеќе проценти во структурата на акционерските друштва кои котираат на Македонската берза за хартии од вредност или се акционерски друштва со посебни обврски за известување, произлегува од важечките одредби на Законот за хартии од вредност. Значи не се работи за диспозиција на Депозитарот како институција. Има различни примери за нивото на транспарентност во поглед на сопственичката структура, некои депозитари не ги објавуваат овие податоци, некои ги објавуваат првите десет акционери и сето ова е резултат на националните законодавства. Лично сметам дека ова законско решение е оптимално, кога се има предвид и она што е уредено со Законот за трговски друштва, односно, секој акционер има право на увид во акционерската книга каде што поседува акции и тоа е една од услугите кои ги овозможува Депозитарот на акционерите.

Велите дека во изминативе 20 години се порамниле трансакции вредни над 264 милијарди денари. Задоволни ли сте со овој перформанс од пазарот?

Дамјановиќ: Оваа бројка мора да се толкува од еден поширок, ако сакате историски аспект. Изминатите 20 години се случуваа различни процеси низ кои целата индустрија на хартии од вредност растеше и се развиваше. Имавме период во кој требаше да се завршат заостанатите приватизациски процеси и потоа период во кој под влијание на светските случувања имавме висока ликвидност, па потоа со финансиската криза од 2009 година прелевање на надолниите трендови и кај нас. Потоа следеше еден период на заздравување, за да последните неколку години трендовите на нашиот пазар на капитал се во нагорна линија од аспект на раст на прометот и индексот МБИ. За да се каже дали сме задоволни, секако дека би биле позадоволни со поголеми бројки, но за да се анализира конкретниот показател се разбира дека треба да се имаат во предвид и сите други околности од кои набројав само неколку. Во последниот период евидентно е дека нашиот пазар на капитал е популарен кај домашните инвеститори и во тој сегмент има простор за негово понатамошно развивање, во што ќе придонесат последните иницијативи и конкретнии чекори на регулаторните тела за зголемување на финансиската писменост кај населението и кај корпоративниот сектор, бидејќи познат факт е дека вишокот средства се уште се инвестира предоминантно во депозитите.

Кои сте вашите планови за следниот период?

Дамјановиќ: Секако ќе бидеме посветени на целосно исполнување на сите свои надлежности како тековни обврски. Во поглед на развојот на институцијата, ќе следи сложен процес, проект за надградба на постоечкиот софтвер развиен со примена на најнови технологии и усогласен со најдобрите практики и меѓународни стандарди како и европски регулативи. Ова е особено важно за тимот на институцијата кој посветено работи на сите потребни анализи за тоа на кој начин ќе биде спроведен овој проект и кој ќе има импакт на работата не само на Депозитарот туку и на нашите членки – банки и брокерски куќи. Целиот процес мора да се одвива во координација и со нашиот регулатор Комисијата за хартии од вредност на Р.С. Македонија за да бидеме сигурни дека истиот ќе се комплетира на најефикасен можен начин за сите засегнати страни.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување