20 Мај, 2024
0.0273

Интерес и посетеност на инфо-деновите во Охрид за можностите што ги нуди „Еразмус плус“

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска во Охрид одржа инфо-ден, промотивна активност насочека кон презентирање на можностите што се нудат преку Програмата „Еразмус плус“ на Европската унија за образование, обука, млади и спорт, како и за начините за аплицирање и користење финансиска поддршка за разни проекти.

Претставници од Локалната самоуправа, образовните институции, невладиниот сектор и спортските клубови и асоцијации од Охрид можеа да се запознаат со начините и методите за за зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обука и младинска работа, како и обезбедување услови за стекнување нови искуства.

Снежана Симоноска од Секторот за млади при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност истакна дека Програмата „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во програми во други држави за учење, работа, да посетуваат предавања или да се обучуваат и развиваат професионални вештини и компетиции.

Таа појасни дека за тековната година преку оваа програма за Република Македонија се одобрени 3,7 милиони евра, додека за наредната година тие средства се очекува да изнесуваат 4,7 милиони евра. Од охридската локална самоправа информираа дека некои од локалните образовни институции аплицирале со проекти и користеле средства од програмата, со забелешка дека тоа е мошне малку во споредба со можностите што се нудат, притоа повикувајќи ги останатите субјекти да аплицираат со издржани проекти.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО