20 Мај, 2024
0.0659

ИНСПЕКТОРИ НА ТЕРЕН: Има ли манипулации на „Викенд без ДДВ“?

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ДПИ вчера изврши 488 контроли за почитување на здравствените протоколи и 123 контроли поврзани со викендот без ДДВ. 

ДПИ вчера изврши 488 контроли за почитување на здравствените протоколи и 123 контроли поврзани со викендот без ДДВ

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн)  за отворање и работа на угостителски објекти.

При тоа, во дел од угостителските објекти се утврдени  неправилности во делот на непочитување на здравствените протоколи, непочитување на работното време и прекршување на Законот за заштита од пушењето, поради што ДПИ ќе поднесе:

·  12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево.

·  2 прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово

·  1 прекршочна постапка за непочитување на работно време во објект во Кичево.

·  1 прекршочна постапка за прекршок по Законот за заштита од пушењето во објект во Скопје.

·  1 непостапување п оиздадено решение за привремена забрана за вршење дејност од страна на објект во Битола, за што ќе следи физичко запечатување на истиот со пломба.

Поединечно по градови, најмногу надзори и контроли се извршени во Скопје. Односно, ДПИ вчера во угостителски објекти во Скопје, изврши 8 надзори и 267 контроли. При тоа, за прекршување на протоколите ќе бидат поднесени 5 кривичнипријави, една мерка за нерегистриранобјект и една мерка за  непочитувањеназабранатазапушење. Во Охрид, се извршени еден надзор и 43 контроли, а поднесена е една кривичнапријава. Во Битола, ДПИ спроведе 7 надзори, изречена е една кривична пријава, и една мерка за непочитувањенарешениезапривременазабрана за вршење дејност. Во Кичево, се извршени 6 надзори, 20 контроли, при што се изречени 5 кривичнипријави и една мерка за непочитувањенапропишанотоработновреме.

ДПИ во Тетово вчера изврши еден надзор, 30 контроли, и затекнат е еден нерегистриран објект. Останатите контроли и надзори се извршени во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Виница, Штип, Берово, Пехчево, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка, Кратово, кадешто не се утврдени прекршувања на законите и протколите.

Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.

Воедно, ДПИ, во текот на вчерашниот ден, а поради почетокот на викендот без ДДВ и заштита на потрошувачите, изврши  вкупно  28 надзори и 123 контроли во трговски објекти во повеќе градови согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите и Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија. При тоа изречени се мерки по Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија во 3 објекти во Струга, 4 мерки по Законот за трговија во објекти во Скопје и 2 мерки по Законот за заштита на потрошувачите во Тетово, за што ќе се поведе прекршочна постапка како и постапки за прекршок по Законот за трговија во 6 објекти во Скопје. Во останатите објекти при спроведените контроли во другите градови,  не се констатирани неправилности. За време на деновите без ДДВ, ДПИ ќе продолжи со контролите во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.

Со оглед на тоа дека од денеска заклучно со понеделник (12.10.2020) трае викендот без ДДВ, инспекциските служби на ДПИ во текот на денешниот ден и следните денови се постојано на терен и спроведуваат интензивни контроли, не само во делот на почитување на здравствените КОВИД протоколи , туку и во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража