20 Мај, 2024
0.0352

Иновативноста на „НЛБ Нов пензиски фонд“ му донесе престижно европско признание

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Македонската компанија „НЛБ Нов пензиски фонд“ неодамна ја доби наградата „Best Sovereign Reserve Fund in Europe for 2015“ од страна на угледниот финансиски магазин „ИПЕ – Инвестиции и пензии во Европа“.

„Наградата е уште една потврда за успешната работа на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како и на НЛБ Групацијата, но истовремено е и признание за Македонија за успешното функционирање на целокупниот систем на капиталното финансирано пензиско осигурување. Имено, ИПЕ втора година по ред го препознава квалитетот на нашата работа и посветеност и ни доделува престижна награда во конкуренција на фондови со поголема традиција и далеку повеќе средства под управување, факт кој неможе да не остави рамнодушни и ни дава уште поголем елан за продолжување на успешната работа“, велат од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

nlb

Според „ИПЕ“, „НЛБ Нов пензиски фонд“ ги исполнува критериумите за оваа награда поради неговиот задолжителен карактер, но најмногу поради неговата улога во реформираниот пензиски систем во Македонија. Образложувајќи ја наградата, жирито на „ИПЕ“ го оцени „НЛБ Нов пензиски фонд“ како фонд со иновативна и комплексна инвестициска стратегија која е во функција на остварување на неговите цели.

Како особено позитивни страни во работењето жирито ги истакна управувањето со ризиците, фокусот на долгорочните перспективи на компаниите во кои се инвестираат средствата, како и развојот на човечкиот капитал кој e клучен во управувањето со пензискиот фонд.

Со оваа награда продолжува успешната приказна на Пензиското друштво кога станува збор за меѓународни признанија. Лани „НЛБ Нов пензиски фонд“ беше прогласен за најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа од страна на угледниот финансиски магазин „ИПЕ – Инвестиции и пензии во Европа“.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО