19 Мај, 2024
0.0344

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

Објавено во: Економија 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во април 2024 година достигна 4 проценти, во споредба со истиот месец минатата година. Цените на мало се зголемиле за 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. 

- Индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи зголемување од 4,0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,5 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС.

Воедно во него е посочено дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0,7 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 отсто, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 отсто - се наведвуа во соопштението на ДЗС.

Истиот месец во однос на март 2024 година, статистичкарите забележале намалување на трошоците на животот во групите: мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 отсто и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?