30 Април, 2024
0.0266

ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНО: Се поставува и современ противпожарен систем-директорот Георгијев за Фактор

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Инфективното одделение при Клиничката болница Штип е целосно реновирано, а за една недела се очекува да биде поставен и најсовремен противпожарен систем, вели во изјава за Фактор, директорот на Клиничка болница-Штип, д-р Ален Георгијев.

-Цели 14 месеци водевме вистинска борба за пациентите кои поради компликации од вирусот беа хоспитализирани на Инфективното одделение, каде пто немаше ниту централен довод на кислород. Во теков не летово, ова одделение е комплетно реновирано, инсталиран е и централен довод на кислород, а веќе од утре треба да се постави и современ против пожарен систем. Претходно имаше хидранти, но сега ќе има и електронска сигнализација и се што е потребно според сите светски стандарди за заштита од пожари. Најавено ни е дека целата изведба треба да заврши за отприлика 7 до 8 дена, по што Инфективното одделение ќе биде спремно за пациенти, посочува д-р Георгијев.

Вели дека сите ковид-пациенти кои имаат посериозна клиничка слика болнички се третираат и се сместени во модуларната болница.

-Таму имаме 45 пациенти, па капацитетот е речиси целосно исполнет зошто вкупниот капацитет на болнички кревети е 47. На Одделението за дерматовенерологија се сместени уште 10 пациенти заразени со вирусот, но тие имаат полесна клиничка слика. Инаку, 80 проценти од хоспитализираните се  пациенти кои не се вакцинирани против ковид-19.

Инаку, директорот на Клиничката болница Штип најави и прес конференција по завршување на сите градежни активности, за што детално ќе информира каков противпожарен систем е инсталиран на сега веќе реновираното Инфективно одделение во болницата.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање