22 Мај, 2024
0.0309

ДИМИТРОВ ОД СОЛУН: Сите еден ден ќе бидеме Европски сојузници

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, министерот Коѕијас, учествуваше на  регионалната министерска средба, што на 4 и 5 октомври, 2017 година, се одржа во Солун, Грција.

На средбата, на која покрај министрите за надворешни работи, учествуваа и министрите за внатрешни работи и министрите за економија на Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија и домаќинот Грција, се дискутираше за повеќе теми и прашања од заемен интерес, како и за модалитетите за унапредување на регионалната соработка во различни сектори во светло на европската интеграција.

Министерот Димитров зборувајќи за важноста на ваквата субрегионална соработка ја подвлече потребата од координирано делување на земјите при справување со безбедносните и други предизвици, во правец на обезбедување нивна долгорочна стабилност и безбедност и одржлив развој.

“Во основа јас ова го доживувам како создавање на една регионална соработка бидејќи сите ние еден ден ќе бидеме европски сојузници. Како што има регионални групирања во рамките на Унијата, помеѓу земјите од Вишеград, Балтикот, и Бенелукс, логично е дека и ние ќе имаме многу блиски интереси во контекст на нашиот регион.  Во рамките на идната Европска Унија, и овој процес ќе го искористиме за да учиме како да бидеме сојузници” – заклучи министерот Димитров.

На состанокот се дискутираше за неопходноста за изнаоѓање регионален одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици, како и на темите поврзани со регионална економската соработка и енергетската поврзаност.

На маргините на Состанокот, министерот Димитров оствари и две билатерални средби со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас и со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. По средбата со министерот Коѕијас, министерот Димитров изјави дека се разговарало за тоа што може да се направи за создавање на позитивна визија за иднината на регионот.  Во тој правец, се разговарало за поттикнување на поблиска соработка помеѓу организациите на цивилните општества и академските институции, организирање на бизнис форум, како и за зголемување на соработката на ниво на министерства за внатрешни работи.

Во рамките на престојот во Солун, министерот Димитров оствари средба и со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.Подвлекувајќи дека градовите добиваат сe’ поголемо значење во меѓународната соработка, Министерот најави зголемување на соработката по завршувањето на локалните избори во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази