19 Мај, 2024
0.0306

Имаме висока инфлација, ниски плати, но и полни кафулиња – како е во странство?

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Имаме инфлација од скоро 20 отсто, ниски плати, се жалиме за лошиот животен  стандард, но кафулињата се полни не само за викенди, туку и во работни денови.

Оваа појава често ја забележуваат и странците кои ја посетиле земјава,  имајќи ги предвид примањата на македонските граѓани. Според нив, во прашање е менталитет и објаснуваат дека кај нив луѓето повеќе се фокусирани на спортување, одење на пикник или некоја друга активност. Сепак од држава до држава има разлики. Некои минимално, а некои интензивно ја практикуваат навиката да пијат кафе надвор од домот.

Хелена Цебан од Молдавија, која како волонтер пред неколку години престојуваше во Куманово, објаснува дека во нејзината земја поради ниските плати и високите трошоци за живот, додека била дете ретко оделе во ресторани и кафулиња, но нагласува дека по 2009 година состојбата малку е сменета.

Немаме „култура на кафе“ во Молдавија, бидејќи луѓето не се собираат толку многу како на Балканот. Би рекла дека трошењето пари на излегување на кафе е повеќе одраз на културниот елемент на приоритети и затоа најверојатно потрошените пари се оправдани. Тоа е она во што уживав додека живеев во Македонија. Сретнував толку многу луѓе на кафе во Куманово. Платата не ми се оданочуваше, а Куманово имаше поволни цени за мој вкус. Но, видов и негативна страна - младите луѓе имаат тенденција да се научат на финансиска одговорност во доцните дваесетти години или кога ќе се венчаат, поради удобноста да се живее со родителите, а тоа може да смени нечија перцепција за вредноста на парите. Во секој случај финансискиот менаџмент е вештина што генерално им недостига на младите генерации“, раскажува Цебан.

Kaтарина Венус од Филипините исто така престојувала во Македонија и вели дека и кај нив луѓето често одат на кафе, со цел да се дружат.

„Овде, на Филипините, Филипинците излегуваат на кафе 2-3 дена во неделата, но тоа зависи од нивното слободно време или пари. Го посетивме Кичево, бевме во Македонија пред 3 месеци, одевме во нивните кафулиња 1 или 2 дена во неделата“, раскажува Венус.

Вилма Коеро Борга од Торино, Италија објаснува дека Италијанците често излегуваат на кафе.

„Додека трае работното време, одат често за да земат кафе. Италијанците многу пијат кафе, постојано, секој ден. Во Италија тоа е ритуал“, рече Коеро Борга.

Магдалена Фрост од Полска објаснува дека откако корона пандемијата стивна сакаат да се дружат, но сега проблем е инфлацијата и затоа поретко посетуваат угостителски објекти. 

„Ja имаме највисоката инфлација од 1997 година и луѓето поретко посетуваат ресторани и барови. Има поскапувања постојано и луѓето се пребројуваат колку пари имаат на располагање. Во Полска младите почесто излегуваат во угостителски објекти“, додава Фрост. 

Прашавме и психолог за тоа дали честите излегувања и покрај финансиската несигурност се одраз на навиките на населението, кое по менталитет функционира поинаку од Западот.

„Ако е убаво времето, да сакате да седнете на кафе, не можете да најдете место. Тоа е прифатено како тренд, не само од помладите, туку и од повозрасните. Луѓето го следат она што го прави мнозинството, сакаат да бидат видени. Комуникацијата и дружењето се потребни, но тоа да биде во некои умерени рамки“, вели психологот Милка Ололоска.

И цените на кафето не останаа имуни на поскапувања. Во земјава кафето е за 18 отсто поскапо од лани, додекацената на кафето во август во Европската Унија(ЕУ) била во просек 16,9 отсто повисока отколку пред една година. Македонско домаќинство годишно во просек консумира по 9.6 килограми кафе.

Сања Атанасовска

foto freepik.com.jcomp

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт