19 Мај, 2024
0.0276

Има ли лек за болеста на ЕСМ? Колку ќе платиме за него?

Објавено во: Економија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Болно и понижувачко е тоа што државниот производител на струја ЕСМ на тендерот на ЕВН со судни маки понуди само 30 отсто од сопствениот инсталиран капацитет за производство на струја. Двете термоелектрани, шесте големи хидроцентрали и ветерниот парк заедно имаат над 1.400 мегавати инсталиран капацитет! За потребите на домаќинствата сега во студеното се потребни до 550 мегавати. Каде се другите 500 мегавати? Зошто домашни фирми – потрошувачи се оставени на цедило да плаќаат берзански цени или да затворат? Зошто дозволивте водата од хидроакумулациите да се троши душмански кога можеше да се купува струја за 60 евра за мегават? Зошто на време не бараа да купат јаглен и мазут? Ќе побара ли одговорност некој и некогаш? Спие ли мирно тој што ја постави цената на струја што ја произведува ЕСМ на 37 евра?

А.Д. ЕСМ никогаш во последните триесетина години не бил во понезавидна состојба од сегашната. Лани компанијата заврши со долг од околу 20 милиони евра, а годинава за првите девет месеци долгот надминува една милијарда денари.

На последниот тендер на ЕВН за набавка на струја од петти пат ЕСМ понуди нешто над 1,8 милиони мегаватчасови за период од шест месеци (1 јануари – 30 јуни 2022 година). Тие 1,8 милиони мегаватчасови поделени на број на денови и на часови (во период од 6 месеци) изнесуваат 420 мегавати инсталиран капацитет за еден час производство.

Знаете што пишува на веб страната на ЕСМ за нивниот инсталиран капацитет за производство на струја? Вака: РЕК Битола има три блока со инсталиран поединечен капацитет од 233 мегавати што значи РЕК Битола во тотал (теоретски) може да произведе 699 мегавати на час. ТЕЦ Осломеј има 125 мегавати, а ветерниот парк „Богданци“ уште 36 мегавати. Шесте хидроцентрали на ЕСМ: системот „Вруток-Врбен-Равен“, „Тиквеш“, „Света Петка“, „Козјак“, „Шпилје“ и „Глобочица“ имаат 554 мегавати инсталиран капацитет. Сите овие централи за производство на струја топтан заедно (теоретски) во еден час да произведат 1.414 мегавати струја!!! Сега споредете го овој број со 420... Колку преостанува слободно или расложливо? Или би требало да преостанува слободно и расположливо за производство?

Дали некој од претпоставените и надлежните го прашува ова менаџментот на ЕСМ? Каде ви се тие 1.000 мегавати? Или тие 800 мегавати? Зошто МЕПСО и ЕВН треба да ја купуваат струјата потребна за покривање за мрежната загуба по берзански цени ако ЕСМ става во погон само 30 отсто од својот инсталиран капацитет???

Во пракса, до 80 отсто до овој вкупен инсталиран капацитет може да биде ангажиран на електропреносната мрежа. Значи во услови на зима со голема потрошувачка овие капацитети би требало да дадат над 1.100 мегавати на час. Да, доколку има вода и јаглен.

Е сега видете во каква кондиција е ЕСМ! На тендерот на ЕВН понуди да продаде 1,8 милиони мегаватчасови. Тоа сведено на часовно ниво значи (во зависност од конузмот) од 400 до 550 мегавати во зависност од условите и побарувачката за струја.

Сигурно не е целата одговорност за оваа мизерна енергетска состојба во менаџментот на ЕСМ. Веројатно има одговорност кај нивни претходници. Но има одговорност и кај тие што се платени да бидат надзор врз нивното работење.

Зошто навреме ЕСМ не купил јаглен? Голема е веројатноста дека немал доволно пари. А зошто? Затоа што струјата ја продавал по цена од 37 евра за мегаватчас... И затоа што една деценија , па и повеќе давал милиони евра за ископ на јаглен и јаловина на надворешни фирми... Затоа што немал машини снемал и машинисти? А РЕК Битола има 2.400 вработени? А што работат тие 7-800 лица во ТЕЦ „Осломеј“ кога се знае дека таа централа во последниве пет-шест години се вклучува по потреба или во крајна нужда?

И на крај зошто Владата во 2018 година ја постави цената за производство на 37 евра? За да дојдеме на ова дереџе? Да мора по три години истата Владата да инјектира 35 милиони евра во ЕСМ за да му даде „инфузија“ да преживее неколку месеци? Да си купи јаглен, мазут, струја и да плати 18 милиони евра за кусокот струја што не можеше да го даде на мрежа, па МЕПСО ни крив ни дужен го превзеде од регионалната мрежа?

По се изгледа дека имаме многу поголем проблем од цената на струјата за домаќинствата... Зошто ги оставате сите фирми – потрошувачи на цедило? На милост и немилост на регионалните берзи? Да затворат или да платат 300 евра мегават?

Сега добар е заборавениот мазутар ТЕЦ „Неготино“ да ги спасува фирмите – потрошувачи?

И тука легитимно се поставува прашањето: каде се тие 500 мегавати инсталиран капацитет на ЕСМ кои не се понудени на ЕВН? Ги има или нема? Зошто ги нема?

Е сега фали да му дадете награда на тој што ја постави цената на ЕСМ на 37 евра за мегават! Да не беше така можеби и немаше да бидеме на ова дереџе? Ќе излезе ли изгор скап политичкиот популизам со цената на струјата?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?